fbpx

На сите модули имаме и практичен дел каде можеме да го примениме тоа што сме го научиле, што е особено важно во дигиталниот маркетинг

Запознајте се со Елизабета, дипломиран инженер геолог и студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Која е нејзината мотивација да се запише на Академијата и какво е нејзиното искуство со предавањата прочитајте во интервјуто. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? По професија сум дипломиран инженер геолог, а подолго време сум […]
Digital marketing student Elizabeta
11.11.2022

Запознајте се со Елизабета, дипломиран инженер геолог и студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Која е нејзината мотивација да се запише на Академијата и какво е нејзиното искуство со предавањата прочитајте во интервјуто.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

По професија сум дипломиран инженер геолог, а подолго време сум вработена во приватна фирма која се занимава со производство на женска облека. Истата ја пласира во сопствени продавници во неколку градови во Македонија и во регионот, а исто така врши и онлајн продажба преку сопствена веб-продавница. 

Иако работам подолго време во оваа фирма, од пред две години сум во одделот за маркетинг и почнав постепено да навлегувам во дигиталниот маркетинг.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Бидејќи, работам и како copywriter она од што најмногу имав потреба е повеќе знаење за SEO, како да можам самостојно, без да навлегувам во кодирање и сето тоа, да создадам една веб-страна од почеток па се до нејзиното објавување. Исто така сакав да го проширам моето знаење за Email Marketing.

Digital Marketing Quiz

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Кога почнав да навлегувам се повеќе во дигиталниот свет некако се пронајдов во него и знаев дека тоа е професија што ми лежи и која сакам да ја работам. Затоа одлучив да го усовршам и проширам моето знаење, како би можела да работам самостојно на проекти.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Ми се допаѓаат предавањата. Од осумте модули колку што ги поминав до сега, секое предавање беше интересно на свој начин и менторите се трудеа максимално да ни ги пренесат нивните знаења на што поедноставен начин. 

Секогаш беа отворени за сите прашања кои би можеле да ги имаме. Можеби на моменти ми беше напорно, бидејки паралелно и работам, сепак има многу работи кои треба да се научат и мислам дека вреди.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

На сите предавања имаше и практичен дел каде можевме да го примениме тоа што сме го научиле што е особено важно во дигиталниот маркетинг, особено ако сакаме сами да работиме.

Дали би се охрабрила сама да работам, па дефинитивно да. Иако за се едно нешто што ќе го започнеш сам потребно е многу храброст, сепак знаењето со кое се стекнав овде на Академијата е повеќе од доволно да продолжам сама.

Digital Marketing Quiz

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Немам посетувано други Академии, но да пред да слушнам за Creative Hub, веќе истражував на таа тема.

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Искрено, многу ми се допадна начинот на кој бевте отворени да разговарате за било кое прашање околу Академијата и ми се допадна тоа што не настојувавте по секоја цена да се запишам на Академијата.

Ми се допадна програмата и се што таа опфаќаше, потоа целата транспарентност, каде што буквално можеш од самата веб страна да процениш дали оваа Академија е или не е за тебе.

Дефинитивно би и веќе ја препорачувам Creative Hub на моите пријатели и на сите други, бидејќи отвора многу нови можности и дава многу идеи за тоа што би можеле да го работиме, а не сме се осмелувале до сега.

Новата група на Академијата за Дигитален маркетинг ќе започне во декември. А ние спремивме квиз за Вас, каде што може да си ги проверите вашите знаења од дигиталниот маркетинг, но и да освоите стипендија. Решете го квизот на следниов линк.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This