fbpx

„Сакам да учам од луѓе кои се професионалци во полето на дигиталниот маркетинг“ – Климентина

Денеска разговараме со Климентина Марковиќ, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Проследете го целосното интервју во кое Климентина ќе ни открие за нејзината мотивација, искуството со Академијата и зошто го избра Creative Hub. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?  Моментално сум невработена, но низ годините имав повеќе титули. Како […]
Климентина - студент на Аладемијата за Дигитален маркетинг
07.18.2022

Денеска разговараме со Климентина Марковиќ, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Проследете го целосното интервју во кое Климентина ќе ни открие за нејзината мотивација, искуството со Академијата и зошто го избра Creative Hub.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? 

Моментално сум невработена, но низ годините имав повеќе титули. Како Супервизор во супермаркет во Доха, Катар; Бренд Координатор во Дубаи,OAE ; Менаџер за Онлајн Продажба во Македонија. Последната работна позиција ми беше Туристички агент во позната велешка туристичка агенција. Секој момент од моето досегашно искуство го сметам за најзначаен дел од мојот живот. Затоа што научив многу од прекрасни ментори во полето на Продажба и Туризам. 

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место? 

Во денешно време, дигиталниот маркетинг е значаен дел на секој бизнис и секоја работна позиција. Сакам лично да се усовршам во тој комплексен свет. Што е многу повеќе од само постирање на социјалните медиуми или испраќање на рекламни пораки. 

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата за Дигитален маркетинг?

Се запишав на Академијата, затоа што сум личност која сака да се усовршува и да учи од луѓе кои се професионалци во полето на дигиталниот маркетинг. По завршувањето на воведниот бесплатен курс, бев сигурна дека го направив вистинскиот избор. 

Last Minute na Akademija za Digitalen marketing

Искористи на Last Minute понудата!

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Досега сум навистина презадоволна од предавањата што ги имаме на Академијата за Дигитален маркетинг. Секој час го чекам со нетрпение, затоа што знам дека ќе научам нешто ново, од луѓе што навистина си ја сакаат работата. 

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

На секое предавање имаме и практични примери и со секој изминат час. Се чувствувам се повеќе подготвена за мојот нов почеток како дигитален маркетер. 

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Немам посетувано други Академии претходно и пред да се одлучам за Академијата на Creative Hub, секако истражував повеќе опции како што би направил секој човек кога прави промена во кариерата. 

Last Minute na Akademija za Digitalen marketing

Искористи ја Last Minute понудата!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Ја избрав Академијата на Creative Hub, првенствено затоа што ми се допадна Воведниот бесплатен курс и начинот на кој ми беше презентирана на тие 10 часа. Дополнителен плус ми беше препораката од пријател кој е студент на една од Академиите. Со цело срце го препорачувам Creative Hub на сите оние што сакаат да ги прошират своите знаења, дури и да немаат познавање околу темата. На Академијата ќе стекнат вештини што ќе им помогнат да ја добијат работата што ја сакаат и да напредуваат во кариерата и животот.

Сите оние кои размислуваат за кариера во областа на дигитален маркетинг, можат да ја искористат Last Minute понудата за запишување на Академија која трае до 22ри јули. 

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за дигитален маркетинг која може да ја симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This