fbpx

Дигиталниот маркетинг расте секојдневно и има големи можности за одлична кариера – Метин

Денес разговараме со Метин Ахмед, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение прочитајте го интервјуто, зошто ја избра оваа Академија и какво е неговото искуство со досегашните предавања.  Кажете ни нешто повеќе за Вас? Дали работите и каде работите? Јас сум Метин Ахмед имам 26 години и доаѓам од Скопје. Имам завршено Англиски јазик […]
Digital marketing student - Metin
06.29.2022

Денес разговараме со Метин Ахмед, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение прочитајте го интервјуто, зошто ја избра оваа Академија и какво е неговото искуство со досегашните предавања.

 Кажете ни нешто повеќе за Вас? Дали работите и каде работите?

Јас сум Метин Ахмед имам 26 години и доаѓам од Скопје. Имам завршено Англиски јазик и Книжевност, но веќе 8 месеци се занимавам како Social Media Manager. Интересот за дигиталниот маркетинг почна од време на студиите и моментално имаме новоотварена дигитална маркетинг агенција “А2 Digital World”. Во агенцијата каде нудиме услуги како што се: брендинг, UI/UX, SMM, SEO, app/web developing итн.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Дигиталниот маркетинг расте се повеќе и повеќе и секогаш има нешта што мораме да ги научиме. Вештини кои би сакал да ги совршам и кои што мислам дека се многу битни се Conversion Rate Optimization (CRO) и Google Ads & PPC и верувам дека до завршувањето на Академијата ќе го постигнам и тоа.

Super Early Bird на Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата за Дигитален маркетинг? 

Желбата да научам нови работи и можноста да направам “промени” како маркетингот се перцептира кај нас, беа моите први мотивации да почнам нова кариера. Гледајќи дека дигиталниот маркетинг расте секојдневно и има големи можности за одлична кариера беше една друга мотивација за запишување на Академијата за Дигитален маркетинг на Creative Hub.

 Како сте задоволни од досегашните предавања?

Со кратки зборови, менторите се супер, си ја знаат својата работа, професионалци се во нивната професија, а предавањата се на високо ниво. Слободно можам да кажам дека Академијата ги надмина моите очекувања.

 Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Иако веќе работам со маркетинг сам со многу мотивација, верувам дека ќе продолжам да се занимавам уште попрофесионално во иднина. Но, со оглед на работната динамика мислам дека е потребен многу организиран тим за еден да има успех во ваков бизнис.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Да, пред да се одлучам направив истражување и за други опции освен Creative Hub, имав и  “free 15min consultation” со некои други Академии, но на крај одлучив за тие што беа попрофесионални.

Super Early Bird на Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Creative Hub го избрав затоа што се професионални во тоа што го прават и го сакаат најдоброто за сите кандидати. Апсолутно ДА, Creative Hub Академијата им ја препорачувам на сите оние што сакаат да влезат во “дигиталниот свет”.

Доколку Ви се допадна приказната на Метин и сакате да ја промените Вашата професија, ние сме тука за Вас.

Затоа само за Вас спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија, која важи до 15ти јули. Ова е одлична можност да се запишете на Академија, а воедно и заштедувате 300 евра. За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за Дигитален маркетинг која може да ја симнете на следниов линк.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This