fbpx

„Поседувам доволно вештини за да започнам кариера во дигитален маркетинг“ – Радмила

Денеска имате можност да се запознаете со Радмила Петрушевска, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение прочитајте за нејзиното искуство со предавањата и мотивацијата да се запише на Академијата. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? Мојот едукативен background се сведува на диплома со отсек маркетинг при УКИМ. Со […]
Радмила - студент на Академијата за Дигитален маркетинг
08.05.2022

Денеска имате можност да се запознаете со Радмила Петрушевска, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Во продолжение прочитајте за нејзиното искуство со предавањата и мотивацијата да се запише на Академијата.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

Мојот едукативен background се сведува на диплома со отсек маркетинг при УКИМ. Со помош на факултетот успеав да научам што всушност значи маркетингот и што е најважно научив да размислувам во правец на иден маркетер.
Што се однесува до моето работно искуство тоа е двегодишно работно искуство од областа на логистика за американски пазар. Академијата за Дигитален маркетинг на Creaтive Hub ја изучувам паралелно додека сум вработена.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Бидејќи се доближувам до дипломирање на Академијата, во овој момент поседувам доволно вештини за да започнам кариера во дигитален маркетинг, вештини кои претходно ги немав. На пример SEO, Content Marketing, Email marketing, B2B Lead Generation. И основи од сите останати модули низ кои минуваме во текот на овие месеци.
Early Bird на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Мојата главна мотивација е промена на кариера во правец на дигитален маркетинг. Како и надградба на моето досегашно факултетско образование со работа на реални проекти во склоп нa Aкадемијата за дигитален маркетинг.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Задоволна сум од предавањата кои ги водат искусни предавачи од маркетинг браншата од кои навистина може многу да се научи.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

 Домашните задачи и проектите кои ги изработуваме во склоп на секој модул се главното оружје на студентите за стекнување на практично знаење. Доколку секој студент одговорно ги завршува зададените задачи, сигурно ќе се почувствува охрабрен после завршувањето на академијата веднаш да започне со пракса и работа.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

 Претходно немам посетено ниту една академија, ги истражив сите понудени опции пред уписот но крајната одлука беше Creative Hub.
Early Bird на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Го одбрав Creative hub по препорака од пријател и би ги препорачала на секој кој би сакал да работи на себе. Да го надогради своето знаење, да напредува во својата кариера или пак да ја промени.

Сите оние кои размислуваат за кариера во областа на дигитален маркетинг, можат да ја искористат Early Bird понудата за запишување на Академија која трае до 15ти август. 

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за дигитален маркетинг која може да ја симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This