fbpx

„Програмата на Академијата за дигитален маркетинг е добро направена и опфаќа повеќе аспекти“ – Стефан

Денес разговараме со Стефан Трендевски, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Проследете го интервјуто и дознајте за неговата мотивација да се запише на Академија, зошто го избра Creative Hub и какво е неговото искуство со Академијата. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? Јас сум Стефан Трендевски и доаѓам од […]
Стефан - студент на Академија за Дигитален маркетинг
08.20.2022

Денес разговараме со Стефан Трендевски, студент на Академијата за Дигитален маркетинг. Проследете го интервјуто и дознајте за неговата мотивација да се запише на Академија, зошто го избра Creative Hub и какво е неговото искуство со Академијата.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

Јас сум Стефан Трендевски и доаѓам од Куманово, дипломиран Криминолог на Факултет за безбедност во Скопје. Студент сум на Академијата за Дигитален маркетинг на Creative Hub. Веќе неколку години работам како административен работник во приватна фирма и како freelancer. Како freelancer имам работено на повеќе проекти и работни позиции, како што се:
– Video Annotation and AI Correction
– Customer support representative
– Operations manager

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Управување со тензија и стресот и трпеливост се главните вештини на кои што работам во последно време и ги унапредувам. Иако во текот на работењето сум се соочил на со голем број на проблеми на кои што самостојно сум нашол решение. Сепак самата помисла дека постои проблем ме иритира и нетрпелив сум додека не го решам. Сепак во последната година можам да се пофалам дека скоро и да сум ги усовршил. Исто така сакам да се стекнам со сите потребни вештини за работа во областа на дигиталниот маркетинг.

Last Minute на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Мотивација и причината поради која што се запишав на Академијата за Дигитален маркетинг е стекнување на нови вештини и знаења кои што ќе ми помогнат во понатамошната кариера и воедно насочување на целиот фокус кон Дигитален маркетинг.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

 Многу сум задоволен од досегашните предавања. Менторите ни пренесуваат практично знаење и практични примери, не се сведува се на теорија. Мислам дека тоа е многу поважно отколку само теоретско знаење.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Апсолутно да! Секако, многу е поразлично кога ќе почнам да работам на реални проекти и проблеми, меѓутоа знаењето што го стекнав досега е доволно за да почнам да работам во оваа професија.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не, оваа е прва Академија на која што се запишав. Искрено истражував но не претерано многу, голема предност беше што имав пријатели коишто веќе ја посетувале Академијата. Сите од нив беа многу задоволни и тоа беше најголемата причина што се запишав на Creative Hub.

Last Minute на Академија за Дигитален маркетинг

Регистрирај се!


Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

 Како што напоменав, една од причините беше тоа што веќе имав пријатели кои ја посетувале Академијата, но најголема причина е тоа што програмата е добро направена и опфаќа повеќете аспекти како што се: FB ads, Google ads, SEO, Account management, PR итн.

Сите оние кои размислуваат за кариера во областа на дигитален маркетинг, можат да ја искористат Last Minute понудата за запишување на Академија која трае до 15ти септември. 

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This