Веднаш по завршувањето започнав со пракса, а потоа и се вработив во International Marketing Agency

Промена на кариера и работа како B2B маркетинг специјалист веднаш по завршувањето на Академијата Денес разговараме со Душан од Скопје поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. По завршувањето на Академијата Душан започна со платена пракса кај нашиот предавач Борче Манев. По 3 месеци успешно се вработи во International Marketing Agency како B2B Marketing Specialist. […]
Нашиот алумни - Душан Натевски
01.11.2022

Промена на кариера и работа како B2B маркетинг специјалист веднаш по завршувањето на Академијата

Денес разговараме со Душан од Скопје поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. По завршувањето на Академијата Душан започна со платена пракса кај нашиот предавач Борче Манев. По 3 месеци успешно се вработи во International Marketing Agency како B2B Marketing Specialist.

Во прилог ви го пренесуваме интервјуто помеѓу Ангела нашиот алумни од Академијата за дигитален маркетинг и Душан, вработен во International Marketing Agency

Ангела: Какво беше твоето искуство како студент? Што те мотивираше да се запишеш на Академијата за дигитален маркетинг?

Душан: За време на пандемијата, целокупниот начин на живот се промени кај секој од нас. Со прекинот на нормалното функционирање, имав прилика да согледам што е тоа што во иднината ќе биде потребно за да се надоградам на професионален план. Најпривлечна ми беше програмата на Creative Hub и позитивните искуства на студенти ми беа клучен фактор да започнам да ја посетувам Академијата за дигитален маркетинг.

Ангела: Кој беше твојот најголем предизвик и како го надмина?

Душан: Најпрво, одлуката да ја заменам професијата кошаркарски тренер со дигитален маркетинг беше сама по себе огромен предизвик. Во овој предизвик секако од голема помош ми беа тимот и предавачите од Creative Hub, особено  предавачот Борче Манев. Благодарен сум на сите оние што ми овозможија овој предизвик да го надминам со најдобар краен исход. 

Академијата ми помогна да ја сменам својата професија

Ангела: Што значи да се биде успешен дигитален маркетер?

Душан: Позади успешен дигитален маркетер се крие еден подолг период на макотрпна работа. Според мене, успешен дигитален маркетер е личност која со ограничени ресурси и информации ќе изготви стратегија. Истата ќе има краен резултат- експанзија на интерес за одреден продукт/услуга. Со оглед на тоа што се околу нас се менува на дневно ниво, така и сите тактики за спроведување на успешна маркетинг стратегија се надополнуваат од ден за ден. 

Ангела: Кои беа твоите очекувања од Академијата? Дали истите беа исполнети?

Душан: Сите тематски целини кои ги изучивме се од особена важност за понатамошниот тек на работењето. Моите очекувања од Академијата беа реализирани. По завршувањето на Академијата, бев запознаен со се она што ме очекува. Бескрајно сум благодарен на сите предавачи на академијата кои несебично ни го пренесоа своето знаење и искуство.

Никогаш не е доцна за промена на кариера

Ангела: Што би им препорачал на сите оние кои сакаат да направат промена во кариерата?

Душан: Секогаш се водам по идејата дека треба да сме крајно фокусирани на она што го работиме. Без оглед на се, да се трудиме да стигнеме до успехот, покрај сите проблеми и неуспеси. Би ги охрабрил и поттикнал сите оние што немаат храброст да направат промена на професионален план веднаш да го превземат тој чекор. 

Ангела: Раскажи ни нешто повеќе за твоето вработување.

Душан: По завршувањето на Академијата веднаш започнав со потрага по работа, и за кратко време ми се пружи прилика да почнам на пракса во International Marketing Agency. Најпрво бев практикант, за брзо потоа  да станам дел од тимот на професионалци кои можат да се пофалат со долгогодишно искуство во областа на маркетингот и продажбата.

Учам од тим на професионалци

Ангела: Како изгледа еден твој работен ден? Какви обврски имаш во текот на денот?

Душан: Mојот работен ден е онаков како што отсекогаш сум го замислувал. Работните обврски се секако неизоставен дел од работното време, меѓутоа секогаш се наоѓа време за релаксација од обврските. Секоја кампања си е посебен предизвик, за секој клиент се применува различен пристап.

Ангела: Кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу ти се допаѓа?

Душан: Секој сегмент си има своја убавина, но јас би ставил акцент на она моментално што го работам B2B Lead Generation. Поконкретно, Lead Generation означува процес на генерирање на интерес за одреден продукт/услуга кој нашиот клиент го нуди на пазарот. 

Ангела: Каде се гледаш себеси во иднина?

Душан: Имам многу планови и желби, Моментално сум 100% посветен на она што го работам. Се сметам за личност која сака да се надоградува, да учи нови работи и да се соочува со нови предизвици. Желбата за докажување и надоградување е секогаш присутна.

Препорака од Душан за идните студенти

Душан им препорачува на сите оние кои се двоумат да се запишат на Академијата од Creative Hub, да го направат тој чекор и да го променат својот живот. Секоја инвестиција во знаење е надоградба на самите себе, а доколку тоа е организирано на највисоко ниво, тогаш шансата за успех е загарантирана.

За повеќе успешни приказни кликнете на: https://creativehub.mk/blog/

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This