fbpx

Маркетер се одлучи за UX/UI Академија

Во овој блог пост разговараме со Марија Коруноска која веќе 4 години работи како дигитален маркетер, но работејќи во неколку области на UX/UI дизајн и се родила пасија и желба да влезе во нов предизвик и да се стекне со вештини за истото. Таа е дел од Fast-Track програмата на Академијата за UX/UI дизајн, а […]
маркетер
03.03.2023

Во овој блог пост разговараме со Марија Коруноска која веќе 4 години работи како дигитален маркетер, но работејќи во неколку области на UX/UI дизајн и се родила пасија и желба да влезе во нов предизвик и да се стекне со вештини за истото. Таа е дел од Fast-Track програмата на Академијата за UX/UI дизајн, а се одлучи за fast-track бидејќи сака да навлезе подлабоко во областа.

Студентите на Fast-Track програмата работат со ментор самостојно 2 пати неделно на дополнителни реални проекти и продлабочени проблеми и задачи. Менторските 1 на 1 часови се одвиваат онлајн, а времето на закажување е флексибилно односно вие го договарете времето со вашиот ментор според вашите обврски и потреби. Ги усовршувате и вашите знаења во градење на функционални веб страни, со користење познавања од UX UI, Digital Marketing & Front-end.

Во текот на интервјуто Марија со вас ќе го сподели нејзиното искуство на Академијата, кој модул и е омилен, а кој и бил најтежок за совладување како и кои биле нејзините дилеми пред да се запише на UX/UI дизајн и што таа би ви кажала доколку се размислувате да се запишете на академија.

Ако те интересира нејзиното искуство продолжи да читаш.

Creative Hub: Марија, Вие веќе четири години работите како дигитален маркетер, од каде желбата да започнете со изучување на UX/UI дизајн?

Марија: Работејќи како дигитален маркетер имав можност кратко да работам на креирање на landing pages, А/Б тестирање и оптимизација. Работата на такви проекти ми стана многу интересна, и решив да запишам академија за да можам да навлезам подлабоко во оваа област.

Creative Hub: Дали веќе имате омилен модул?

Марија: Се што ме учеле до сега за UX ми претставува големо задоволство. Мислам дека при крајот на академијата ќе можам да одберам омилен модул.

Creative Hub: Сега за сега кој модул Ви беше најтежок за совладување?

Марија: Најтежок модул ми беше user flows & wireframes затоа што има премногу сценарија кои предвреме треба да се предвидат, но благодарение на менторите успевам да ги совладам потешкотиите.

Creative Hub: Кој модул со нетрпение чекате да почне?

Марија: Со нетрпение чекам да почне UI дизајн модулот за да можам визуелно да го видам проектот на кој моментално работам. 

Creative Hub: Што Ви создаваше дилема пред да се одлучите да се запишете на Академија за UX/UI дизајн?

Марија: Пред да се запишам на академијата бев загрижена за тоа дали ја правам правилната одлука затоа што aкадемијата претставува голема инвестиција. Разгледував online курсеви, други академии, но можам да кажам дека сум среќна со изборот кој што го направив.

Creative Hub: Кои се Вашите очекување по завршувањето на Академијата?

Марија: Да се стекнам со потребното знаење кое ќе ми овозможи да работам на различни UX/UI проекти.

Creative Hub: По што се издвојува Creative Hub од останатите и што би му кажале на некој што сака да се запише на Академијата за UX/UI дизајн?

Марија: Ова е првата академија која што некогаш сум ја запишала, но можам да кажам дека програмата е одлична, и дека менторите се многу посветени. Би ја препорачала оваа академија на сите кои сакаат да научат за UX/UI дизајн затоа што постојано работиме на вистински проекти кои потоа може да ги ставиме во своето портфолио. 

Дали и ти си дигитален маркетер што сака да го дополни своето знаење со вештини за UX/UI дизајн?

Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек. Новата група ќе започне на 04.04.2023.

Информирај се повеќе за програмата овде или јави се на 071 214 849.

Што значи сертификатот што ќе го добиеш од Creative Hub?

Национална диплома -Академијата е официјално акредитирана од Центарот за образование за возрасни и МОН.

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.

Американска диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со Американска диплома.

Запиши се на Академија за UX/UI дизајн со пополнување на формата на нашата веб страна овде.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This