Со дигитален маркетинг до успешен makeUp бизнис

Научив многу повеќе од порано, како пример ќе го кажам тоа што порано не употребував таргет групи, а сега тоа многу ми помага тоа кога барам нови клиенти.
10.24.2020

Сакате промени? Не плашете се!

Дигиталниот маркетинг е секогаш вистински избор

Во нашата нова кампања сакаме да промовираме мејк ап артисти кои имале пасија да ја променат кариерата. Поимот дигитален маркетинг секогаш стреми одреден бизнис кон врвот.Тие одвоија време да вложат во своја едукација за да можат самостојно да придонесат за дигитална промоција на брендот.

creative hub logo

Ви ја претставуваме Сара Гаврилова…

” Сара Гаврилова е мејкап артист познат по својот бренд MakeUp.By.SaraG и студент на Академијата за дигитален маркетинг. Академијата ја запишала за да научи професионално да ги менаџира своите социјални медиуми бидејќи токму од тука добива нови клиенти. Со изработка на успешни кампањи и добро таргетирање на публуката,Сара бележи значителен пораст во својот бизнис. Дигиталниот маркетинг ја води кон врвот “

Работи со страст и желба за твојата промена да биде вредна

 

Creative Hub: Сара, вие сте дипломиран професор по англиски јазик, но одлучивте да ја смените професијата и да работите како професионален мејк ап артист. Што беше пресудно да го направите тој чекор и колку е тешко преку ноќ да се смени професија? 

Сара Гаврилова: Секако дека и таа професија ме исполнуваше но веќе со години го сакам шминкањето и затоа почнав да се занимавам со ова. Сметам дека додека работите нешто со страст и желба, секоја промена би била вредна и би се исплатела. Треба да го правиме тоа што го сакаме. Никогаш не е доцна да се сврти нова страница. Сонот може да ни се оствари само со превземање на ризик.

Дигиталниот маркетинг ми овозможи да направам поуспешна стратегија

Creative Hub: И покрај тоа што сте на почеток на вашата кариера како професионален мејк ап артист, се запишавте на нашата Академија за Дигитален Маркетинг. Зошто сметате дека тоа ќе ви помогне да бидете успешни во кариерата како мејк ап артист?

Сара Гаврилова:  Затоа што имам своја Инстаграм и Фејсбук страна. Порано сама ги правев рекламите, но со тек на време сфатив дека сум правела големи грешки. Не внимав на деталите кои се многу значајни. Затоа дојдов до идеата да инвестирам во моето знаење во врска со маркетингот. Тогаш решив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub. По само неколку предавања, забележав неколку грешки и веднаш ги корегирав. Предметот Facebook Ads ми беше од голема помош и гледам напредок во однос на резултатите од кампањата. Моите професоинални страници на социјалните мрежи сега се на едно повисоко ниво и во иднина очекувам уште поголем успех.

Таргетирањето на публиката е една од примарните работи за успешен бизнис

Creative Hub: До сега ги поминавте предметите Fb Ads и Email Marketing на Aкадемијата за дигитален маркетинг. Што може да ни кажете како за некој што е нов во оваа област, дали научивте доволно за да работите правилно со социјалните мрежи?

Сара Гаврилова: Се разбира, научив доста повеќе и ја разбрав проблематиката на маркетингот. Програмата од страна на Creative hub е направена така што и почетници во оваа област, можат со сигурност да го разберат концептот на една маркетинг стратегија. Јас, како пример ке го кажам тоа што порано не употребував таргет групи. Ги правев рекламите и ги праќав на целата публика. Со академијата, разбрав дека што подобро таргетирана публуки , толку повеќе профит. Ова искуство сега многу ми помага кога барам нови клиенти.

Make up by sara G

Дигиталниот маркетинг ме доведе до нови клиенти

Creative Hub: Колку кампањи пуштивте за својот бренд откако почнавте?

Сара Гаврилова: Од почетокот на Академијата за дигитален маркетинг до сега имам пуштено около 5 – 6 кампањи. Мислам дека повеќето беа успешни, бидејќи ми донесоа неколку нови клиенти. Познавањето на дигиталниот маркетинг е од големо значење за мојот бренд. Со него, од ден во ден, квалитетот и квантитетот на MakeUp.By.SaraG, интензивно растат.

Ви ја препорачувам Академијата за дигитален маркетинг доколку сакате вашиот бизнис да стане поуспешен

Creative Hub: Има многу млади што сакаат да се занимаваат со професионална шминка. Што ќе им препорачате, и дали би им ја препорачале Академијата за Дигитален Маркетинг?

Сара Гаврилова: Да, со заволство би ја препорачала. Таа ме доведе на едно повисоко ниво на размислување. Мислам дека без разлика дали станува збор за мал или голем бизнис, за make up салони или за некој друг бизнис, дигиталниот маркетинг е неопходен за успех. Со самата академија ќе се соочат со своите грешки, и ќе најдат начин да ги корегираат. 

 Пријавите за новата група за Академијата за дигитален маркетинг се во тек.

                                        Контактирај го нашиот координатор Бојан на 071214849 или contact@creativehub.mk.

Фотографиите се направени од Миа Вујадиновиќ, дипломец на Академијата за графички дизајн на Creative Hub и практикант во Creative Hub.

Интервјуто го направи Анастасија Атанасовска, дипломец на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub и практикант во Creative Hub.

 

Поврзани постови

Што е UX, a што е UI дизајн?

Што е UX, a што е UI дизајн?

Верувале или не најголемиот предизвик на студентите кои сакаат да работат UX UI е  најпрво да разберат што е тоа.Затоа заедно со...

          Pin It on Pinterest

          Share This