fbpx

Периодот на Ковид-19 ме натера да сфатам дека имам потреба од back up професија

Во периодот кога Ковид-19 беше во екот и својот распон голем дел од луѓето почнаа да се преиспитуваат за изборот на нивните професии. Тоа се случило и со нашиот студент на Академијата за дигитален маркетинг Никола Јосифовски која тогаш сфатил дека има потреба од back up професија. Тие неколку години работата на сите бизниси мораше […]
back up професија
03.16.2023

Во периодот кога Ковид-19 беше во екот и својот распон голем дел од луѓето почнаа да се преиспитуваат за изборот на нивните професии. Тоа се случило и со нашиот студент на Академијата за дигитален маркетинг Никола Јосифовски која тогаш сфатил дека има потреба од back up професија.

Тие неколку години работата на сите бизниси мораше да се промени од корен и да избегаат од традиционалниот начин на работа. Се случи тотален бум и дигитален шифт на функционирањето на бизнисите. Дури 55% од бизнисите своите маркетинг напори ги вложија во креирање на дигитални кампањи, па со тоа се зголеми и потребата за дигитални маркетери. Секој кој не беше свесен за важноста на дигиталниот маркетинг тогаш ја сфати.

Исто така се нормализираше и работа од дома, па луѓето ги увидоа бенефитите и доста од нив се одлучија да направат кариерна преквалификација со цел да ги уживаат тие придобивки а и да останат во игра на пазарот на труд.

А каква е приказната на Никола прочитај во прилог.

Creative Hub: Никола Вие во моментов работите како музичар, но имате завршено и факултет за туризам и угостителство, па што точно ве привлече во дигиталниот маркетинг?

Никола: Во моментов работам како туристички водич а истовремено и како музичар на повеќе проекти со локални рок бендови, театарски групи, фолклорни ансамбли итн. Овие две работи се различни, но се многу креативни и имаат иста цел, да ги забавуваат луѓето. На жалост и двете беа  погодени од кризата со Covid19. Иако полека се враќаме на старите патеки во туризмот, па и во музичките ивенти, сепак одлучив да го пополнам моето слободно време и да го надоградам моето основно познавање од традиционалниот маркетинг, со нови дигитални вештини кои во време на општа дигитализација се и повеќе од неопходни. 

Creative Hub: Досега имате поминато 4 модули, ќе може ли да ни кажете кој модул највеќе Ви се допадна?

Никола: WordPress. Забавна и корисна алатка која овозможува креативно да се изразиш.

Creative Hub: Кој модул со нетрпение очекувате да почне?

Никола: Веќе започна Facebook Ads.Отсекогаш сум бил поборник за паметно користење на социјалните мрежи.

Creative Hub: Што Ви создаваше дилема пред да се одлучите да се запишете на Академија за Дигитален Маркетинг?

Никола: Дури и во периодот кога имаше голем обем на работа во туризмот и музиката размислував за до-едукација на некоја од Fast Track академиите, но недостигот на слободно време не ми дозволуваше. Надежта дека се ќе се врати “по старо” малку ме колебаше. Но никогаш не е на одмет да си има back up професија

Creative Hub: Дали распоредот на часовите Ви овозможува флексибилност и менаџирање на обврските кои ги имате надвор од академијата?

Никола: Засега успевам да присуствувам на скоро сите часови, иако во случај на отсуство можам да ги следам снимените часови. Како што веќе спомнав, сакав и порано да се пријавам на академијата, но намерно го одбрав периодот од Октомври – Март, поради тоа што овој период е полабав и имам повеќе слободно време.

Creative Hub: Кои се вашите очекувања како иден дигитален маркетер? Дали сте спремни за предизвиците со кои може да се соочите?

Никола: Очекувам да ми се отворат нови можности и конекции и се надевам дека вештините кои ќе ги стекнам ќе можам успешно да ги применам пред се во туризмот и музиката, но секако и во секоја друга гранка која креативно ќе ме исполнува.

Creative Hub: Каков совет би му/ѝ дале некому што ќе се одлучи да се запише на Академија за Дигитален Маркетин во Creative Hub?

Никола: Сите идни студенти би ги охрабрил воопшто да не се колебаат и да се приклучат на академијата. Лесно е, креативно е, забавно е, отвора нови видици и нови можности кои ќе ви го направат животот поисполент и поинтересен.

Дали и ти како и Никола сакаш да имаш back up професија или едноставно само сакаш да се стекнеш со дигитални вештини?

Нека дигиталниот маркетинг биде и твоја back up професија. Позицијата како Digital Marketing Specialist е во топ 10 најбарани работни позиции, а на глобално ниво има 860,000 отворени работни позиции за дигитални маркетери. Работи од каде сакаш, можностите ти се отворени!

Новата група на Академијата за дигитален маркетинг започнува на 20-ти април.

Што значи сертификатот што ќе да го добиеш?

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.

CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со CPD диплома.

Закажи состанок со нашиот координатор Стојанчо и информирај се повеќе околку програмата на Академијата за дигитален маркетинг!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This