fbpx

Ера на дигитализација, иновација и персонализација на рекламите

Живееме во ера на дигитализација каде технологијата се вткајува во самата структура на нашите животи, неизбежно е да се игнорира длабокото влијание на дигитализацијата и иновациите врз секој аспект од општеството. Од начинот на кој комуницираме и купуваме до начинот на кој примаме информации и донесуваме одлуки. Еден домен кој доживеа извонредна еволуција е маркетингот, […]
09.07.2023

Живееме во ера на дигитализација каде технологијата се вткајува во самата структура на нашите животи, неизбежно е да се игнорира длабокото влијание на дигитализацијата и иновациите врз секој аспект од општеството. Од начинот на кој комуницираме и купуваме до начинот на кој примаме информации и донесуваме одлуки. Еден домен кој доживеа извонредна еволуција е маркетингот, при што бизнисите и поединците ја сфаќаат незаменливата улога што ја игра дигиталниот маркетинг во останувањето релевантен и конкурентен на пазарот.

Така и нашиот студент Ѓорѓи станувајќи свесен за промените што оваа ера на дигитализација го донесе до одлука да заплови во водите на дигиталниот маркетинг.

Какво е досегашното искуство на Ѓорѓи на Академијата за дигитален маркетинг прочитај во прилог.

Технолошки развој и дигитализација

Creative Hub: Ѓорѓи, во моментов работите во водечка компанија од телекомуникацискиот сектор во одделот за техничка поддршка. Од каде желбата за дигитален маркетинг? 

Ѓорѓи: Можноста за остварување на безброј идеи и замисли, но и искуството со работа со клиенти, можам да го преквалификувам директно во една нова ера на проекти и остварувања која дигиталниот маркетинг во целост го издвојува како гранка каде постојано може да се надградувам и остварувам како личност.

 

Комуникацијата како клуч за долготрајна соработка со потрошувачите

Creative Hub: Дали сметате дека вашите комуникациски вештини Ви носат одредена предност во преквалификацијата како дигитален маркетер?

Ѓорѓи: Комуникацијата е од огромно значење. Имено, добрата страна е кога се има доверба, а преку тоа се создаваат нови пазари и се зголемува бројот на потенцијални кленти. Затоа комуникацијата треба да биде формална, да се знае кога да се одговори спрема потенцијалниот клиент, да се прилагоди моментот и начинот на прв контакт, како и понатамошен, што придонесува за почит и долготрајна соработка.

 

Учиме од предавачи кои се професионалци во својата работа

Creative Hub: Како би ја опишале програмата на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub? Што е она што ја издвојува од останатите академии?

Ѓорѓи: Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub се издвојува по тоа што програмата е професионална, како и темелно се обработува преку редовните предавања, како и задачи за студентите. Предавачите се професионалци во својот дел и се во константна комуникација со студентите. Материјалот е прилагодлив за секој оној што посакува да отвори нова страница, и темелно да навлезе во свет којшто е во постојан развој и претпознатлив и меѓународно признат.

 

Моите омилени проекти се од делот на модулите маркетинг менаџмент и Google Ads

Creative Hub: Mожете ли да издвоите омилен проект на кој сте работеле на Академијата и што научивте од него?

Ѓорѓи: Материјата е меѓусебно поврзана, но моите омилени проекти се делот на Marketing Management и Google Ads. Овие предмети се важни за создавање план за добар пристап кон клиенти преку ATL или BTL канали за комуникација. Тоа опфаќа фокус на потребните алатки и стратегии кои ќе ни помогнат да ја оствариме крајната цел – клиентот.

 

Професионална програма и соодветен избор на предавачи, вистинскиот пат до кариерна преквалификација

Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub на некој што сака да направи кариерна преквалификација?

Ѓорѓи: Со задоволство, Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub докажано ги исполнува критериумите за преквалификација, преку својата професионална програма, избор на предавачи, но и точно зацртана цел да се стекне одлично знаење на кое секогаш може да се навратиме. Моето искуство со оваа програма дава високо позитивни вибрации учејќи трикови за комуникација, проценувајќи задоволство и барања со клиентите, но и точно селектирање на секоја од понудите, начинот на рекламирање и понудата за која прецизно се обрнува внимание.

Дали и ти како и Ѓорѓи си свесен/а дека живееме во ера на дигитализација и дигиталниот маркетинг е од круцијално значење за секој бизнис? Сакаш да научиш како изгледа целиот процес на креирање на една реклама и како истата да стигне до вистинската таргет група?

Дознај повеќе за програмата на Академијата за дигитален маркетинг овде.

Структура на програмата: 8 месеци предавања + Стажирање + Гарантирана работа

Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.

Creative Hub Student Creative Hub Student Creative Hub Student

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This