Маја Колеска студент на Академијата за UX/UI дизајн е магистер по фармација со речиси 5 години работно искуство во областа. Со цел да ја усоврши својата кариера во фармацевтската индустрија и да ги унапреди дигиталните вештини што веќе ги поседува се одлучила за Академија за UX/UI дизајн.
Трагајќи по начин што ќе и помогне да ги поврзе својата креативност и аналитичкиот дел од нејзината работа таа го посетила воведниот курс на Creative Hub каде се уверила дека UX/UI професијата може да и го овозможи токму тоа што таа го бара.
Според Маја процесот на учење на UX/UI Академијата е многу интересен и интерактивен, а менторите се многу достапни и на конструктивен начин го пренесуваат своето знаење. Таа го препорачува Creative Hub на сите коишто се двоумат кој е најдобриот чекор за нивното професионално усворшување.
⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за UX/UI дизајн започнуваат на 03.04.2023⚠️
Аплицирај за 300€ попуст овде 📌
Во прилог прочитајте го интервјуто со Маја.
Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!
Јас сум Маја Колеска и веќе скоро 5 години работам во фармацевтската индустрија. Во 2019 година завршив магистерски студии на фармацевтскиот факултет во Скопје и од тогаш продолжив да се надоградувам во делот на фармацевтскиот бизнис и маркетинг.
Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за UX/UI?
Мојата цел за запишување на Академијата за UX/UI е надоградување на моите способности со цел усовршување на мојата кариера во фармацевтската индустрија. Во текот на кариерата увидов дека унапредувањето на дигиталните вештини носи голем број на бенефиции и UX/UI академијата ми изгледаше како најсоодветна за мене и мојата моментална професија.
Creative Hub: Што ја издвојува UX/UI професијата за разлика од другите?
Од секогаш сум сакала да најдам начин како да ја поврзам мојата креативност со аналитичкиот дел од мојата работа. UX/UI професијата целосно го дозволува тоа и воведниот курс на Creative Hub ми го потврди истото.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Да, направив детално истражување на сите академии за UX/UI и процесот не ми одзема многу време, меѓутоа бидејќи имав прекрасно искуство на воведниот курс во Creative Hub, решив дека оваа Академија е најдобриот избор за мене.
Creative Hub: Дали го следевте бесплатниот курс со Александра и Иле – Вовед во UX UI? Доколку “Да“, тогаш каков впечаток Ви остави?
Како што напоменав, го следев бесплатниот курс со Александра и Иле и тоa е една од причините зашто се решив токму за Creative Hub. Курсот беше прекрасен вовед во самата професија и ми даде можност да проценам дали овој тип на Академија е соодветен за моето професионално надоградување. Го препорачувам на сите кои сеуште немаат одлучено кој тип на Академија е најдобар избор за нив.
Creative Hub: Веќе 4 месеци сте дел од Академијата, ги поминавте модулите за Photoshop, Illustrator и UX. Што успеавте да научите, кој модул ви беше најинтересен?
Од веќе поминатите модули најинтересен ми беше модулот за UX. Голем дел од мојата моментална работа се сведува на правење на анализи и проценка на пазарот, притоа делот UX ми беше еден тип на проценка на веќе стекнатите способности во мојата професија. Меѓутоа работата во Miro boards и креативноста на процесот претставуваа еден тип на нов предизвик за мене и беа многу интересни и корисни.
Creative Hub: Каков фидбек имате за менторот Иле?
Иле е прекрасен ментор кој континуирано со предавањата и feedback-от на часовите ни ја продлабочува желбата за UX/UI процесите. Голем дел од часовите се структурирани така што има постојана комуникација помеѓу студентите и сработување на кратки задачи, со што се олеснува целиот процес на учење и разбирање на алатките.
Creative Hub: Какви проекти работевте по UX?
За време на изучување на UX процесот, започнавме со осмислување на апликација која би сакале да ја изработиме до анализа на конкуренцијата, user interviews, анализа на изработените интервјуа и нивно толкување, изработување на user персони и преку нив пронаоѓање на можни user scenarios. Исто така покрај овие процеси за време на UX започнавме и со wireframing базирано на веќе изработените анализи, како и изработка на user flows. Следен чекор е имплементирање на овие сработени чекори заедно со UI, со што ќе ја добиеме целосната слика за UX/UI чекорите и изработката на една апликација од самиот почеток до дизајн.
Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?
Како што објаснив погоре, јас веќе сум вработена, меѓутоа сметам дека со поминување на обуката ќе имам можност да се запознаам со soft skills кои можат многу да ми помогнат во надоградување на мојата кариера.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за UX/UI на некој друг?
Академиите во Creative Hub се многу добар начин за надоградување на кариерата и ги препорачувам на сите коишто се двоумат кој е најдобриот чекор за нивното професионално усворшување. Процесот на учење е многу интересен и интерактивен. Менторите се многу достапни и на конструктивен начин го пренесуваат своето знаење.
Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?
ЕУ Академијата ја одбрав бидејќи сакав да го потврдам моето знаење со ЕУ одобрена диплома и ЕКТС кредити. Често работам со интернационални клиенти, притоа ЕУ дипломата ми изгледаше како најсоодветен чекор за мојата кариера.
ЕУ Диплома со ЕКТС кредити
Се издава на студенти од ЕУ Сертифицирана програма и студенти на Забрзаната програма. Што ти значи оваа диплома на тебе?
- ЕУ додаток на диплома со ЕКТС кредити го следи моделот на Европска Комисија за неформално образование.
- Додатокот на диплома содржи детални информации за студентот, програмата, вкупниот број на часови, и ЕКТС кредити со кој студентот се стекнал по завршување на програмата.
- Ги советуваме студентите кои планираат да го продолжат своето образование и кариера во ЕУ да изберат програма што ја содржи оваа диплома.
- Оваа ЕУ Диплома е признаена од Универзитетите во Европа како дополнителни кредити при упис на апликацијата на студентот.
Информирај се повеќе за програмата на 071 214 849 или закажи онлајн состанок ↙️