Изрази желба за повеќе знаење и изрази ја својата креативност преку Академија за дигитален маркетинг
Мери, најпрво, кажете ни нешто повеќе за Вас и што ве натера да се запишете на нашата Академија за дигитален маркетинг?
- Мери Гаврилова: Здраво, јас имам 19 години и по завршувањето на средното образование, се одлучив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг. Оваа Академија ја избрав бидејќи би сакала да се надоградувам и да изградам кариера во областа на дигитален маркетинг.
На какви проекти работевте во текот на Aкадемијата и дали сте задоволни од работата на истите ?
- Мери Гаврилова: Во текот на Академијата работев на доста проекти од различни предмети. Многу сум задоволна од работата на проектите. Имав прилика да ја изразам мојата креативност и со секој проект се здобив со поголемо знаење и искуство. Ова е една од најдобрите работи што ми ги овозможи Академија за маркетинг.
Што можете да ни кажете за предавачите на Академија за маркетинг и интеракцијата на самите предавања?
- Мери Гаврилова: Иако, секој од предавачите имаше различен начин преку кој ни го пренесе своето знаење, сите успеаа во тоа. Имаат добра интеракција со нас, студентите, и секогаш се на наше располагање ако имаме потреба од помош за задачите. Неделно имаме и домашни задачи кои се оценети од самите предавачи и добиваме соодветен фидбек за истите.
Кои предмети од Академијата ви беа омилени и зошто ?
- Мери Гаврилова: Сите предмети се интересни и од сите може многу да се научи. Facebook Ads, Email Marketing и HTML би ги издвоила како најомилени до сега, бидејќи имавме повеќе задачи за нив и повеќе време посветував работејќи на истите. Но, со оглед на тоа што сум на половина од Академијата, верувам дека и со другите предмети ќе биде исто, ако не и подобро.
Дали до сега сте задоволни од вашиот перформанс и напредок следејќи Академија за маркетинг?
- Мери Гаврилова: Презадоволна сум од досегашната работа на Академијата. Пред да се запишам, немав многу знаење во оваа област. Со Академијата значително брзо напредувам и се надоградувам. Mожам да кажам дека во однос на моето образование, со Creative Hub го направив правилниот избор и го препорачувам на сите истото.