Дизајн форум, работно искуство и менторска помош преку UX/ UI Академијата

Дипломец на UX/ UI Академијата во Creative Hub и креатор на првиот професионален форум за Графички дизајн на нашите простори. Денес, разговараме со Фросина Колевска за искуството со Creative Hub, можностите кои таа ги искористи на најдобар можен начин и секако нејзините извондредни креации.
Дизајн форум, работно искуство и менторска помош преку UX/ UI Академијата
03.23.2021

Дипломец на UX/ UI Академијата во Creative Hub и креатор на првиот професионален форум за Графички дизајн на нашите простори. Денес, разговараме со Фросина Колевска за искуството со Creative Hub, можностите кои таа ги искористи на најдобар можен начин и секако нејзините извондредни креации.

 

Пријави се

 

Creative Hub: Фросина, кажи ни нешто за себе, зошто UX/ UI дизајн?

Фросина Колевска: Од секогаш сум била фасцинирана од различните дизајни кои секојдневно ги среќавам на интернет. Јас обожавам дизајн, луѓе и технологија. Си реков, зошто не направам свое дело кое ќе биде инспиративно и ќе изгледа интересно и корисно за многу луѓе.

 Дизајн форум, работно искуство и менторска помош преку UX/ UI Академијата

Creative Hub: Зошто Creative Hub?

Фросина Колевска: За Creative Hub дознав преку другарка. Таа ми раскажа дека имате одлична програма и воедно доделувате стипендија. Пред да аплицирам, се двоумев дали Веб дизајнот е правилниот избор за мојот професионален живот бидејќи не можам да не споменам дека бев заинтересирана и за Графички дизајн. Сепак решив да се пријавам на UX/ UI Академијата и да бидам искрена не згрешив. Денес, со сигурност можам да потрврдам дека сум го направила најдобриот избор за себе. Креирањето на веб страна и помислата дека истата ќе ја посетуваат и користат илјадници луѓе секојдневно е од големо значење за мене.

Creative Hub: Кои предмети Ви оставија најголем впечаток?

Фросина Колевска: Морам да признаам дека програмата нудеше голем број на предмети кои ми оставија еднакво добар впечаток. Кога би морала да изберам предметот Adobe Illustrator е дефинитивно оној кој имаше најголем удел на мојата професионалност бидејќи има еден тон опции кои ако се искористат правилно Ви овозможуваат да направите ремек дело.

Creative Hub: Кој беше твојот најголем предизвик додека беше на студии? 

Фросина Колевска: Низ текот на академијата наидов на два големи предизвици. Едниот го вклучува JavaScript предметот а другиот процесот на создавање визуелно решение за проектите кои ни беа доделени. Интересно е тоа што после нивното надминување увидов колку тие се корисни и колку можат да ми помогнат во иднина. 

Практичниот дел на Академиите во Creative Hub е една од најголемите причини зошто јас одлучив да се запишам.

Creative Hub: Колку вкупно предмети слушавте на Академијата и кои од нив ќе Ви користат во иднина?

Фросина Колевска: На UX/ UI Академијата постојат 7 различни предмети. Дефинитивно ќе најдам примена на сите. Во иднина би сакала да бидам UX/ UI дизајнер кој кодира. 

Creative Hub: Ајде да позборуваме за практичниот дел од Академијата и попрецизно да го објасниме финалниот проект на кој Вие работевте?

Фросина Колевска: Морам да напоменам дека практичните проекти кои Вие ги вклучувате во текот на Академијата беа една од главните причини зошто мојот фокус беше насочен кон Creative Hub. За финалниот проект јас се одлучив да изработам страна за онлајн видео курсеви која ќе биде употреблива и надвор од границите на нашата држава. Од мојот UX/ UI дизајн целиот Балкан ќе биде во можност да закачува курсеви и да нуди најразличен информативен материјал.

Creative Hub: Дали Ве исконтактираа од Creative Hub за да добиете платена пракса или работа?

Фросина Колевска: По завршувањето на Академијата добив порака од тимот на Creative Hub. Тие беа премногу задоволни со мојот финален проект и ми понудија шанса за соработка. Јас се согласив за платена пракса и мојот професионален развој започна на истото место каде ги стекнав сите вештини. 

Creative Hub: Кои беа вашите задачи како практикант во Creative Hub?

Фросина Колевска: Првата задача од мојата платена пракса беше изработка на Форум за дизајнери. Имено, форумот кој е официјално достапен за пошироката публика од денес, е создаден за сите графички дизајнери. Тие со негова помош ќе имаат можност за споделување на нивните графички решенија, ќе добијат релевантен feedback за дизајнот како и совети околу домашните задачи што ги добиваат за време на нивната Академија. После финализацијата на форумот јас почнав да работам на нови проекти. 

Форумот за дизајнери на Фросина Колевска можете да го погледнете на видеото во прилог:

 

Пријави се

 

Creative Hub: Дали би споделиле некои од нив со нас?

Фросина Колевска: Да, секако. Моментално изработувам дигитално решение за студентите од HR академијата. Имено, јас бев дел од двата хакатони и ги претворам нивните идеи во неколку tech-решенија. Фокусирана сум на изработка на веб страна која ќе содржи различни начини на изразување благодарност кон колегите од страна на одделот за човечки ресурси во компаниите. 

Creative Hub: Форумот за графички дизајн изгледа прекрасно. Навистина сте завршиле добра работа. Кажете ни колку време Ви требаше да го изработите Вашиот прв проект на праксата?

Фросина Колевска: Ви благодарам на прекрасните зброови. Планирањето и истражувањето ми одзеде околу 10тина дена додека имплементација со помош на менторите Павлина Бучевска и Димитар Скепаровски ми одзеде 7 дена. 

Creative Hub: Дали Вашите ментори беа вклучени низ целиот процес на изработка?

Фросина Колевска: Тие се секогаш тука кога нам ни е потребна помош. Делот со планирање и истражување помина одлично но ми требаше дополнителен совет од некој поискусен од мене за делот со имплементацијата. Димитар и Павлина ми ги дадоа потребните информации и ме насочија кон правилниот пат. 

Creative Hub: Дали праксата во Creative Hub Ви ја зголеми вашата сигурност во себе? Дали се чувствувате спремни за да аплицирате во други компании и да продолжите со развивање на вашата професионална кариера?

Фросина Колевска: По завршувањето на UX/ UI Академијата праксата во Creative Hub беше ми беше многу добредојдена бидејќи секој почетник треба да се соочи со практични проекти кој ќе го зацрврстат неговото знаење. Исто така, праксата дефинитивно ја зацврстува Вашата сигурност и Вие сте спремни да аплицирате и да продолжите напред.

 

Пријави се

Поврзани постови

Што е UX, a што е UI дизајн?

Што е UX, a што е UI дизајн?

Верувале или не најголемиот предизвик на студентите кои сакаат да работат UX UI е  најпрво да разберат што е тоа.Затоа заедно со...

          Pin It on Pinterest

          Share This