fbpx

Елена, архитект кој одбра Front-End Академија како нов предизвик!

Интервју со Елена Брчиоска, студент на Front-End Академија. Елена, Вие сте Магистер Инженер Архитект кој ја одбра оваа Front-End Академија како нов предизвик… Токму така, моето високо образование го стекнав на Архитектонски факултет во Скопје, каде што се здобив со титулата Магистер Инженер Архитект, по која што и некое време работев како проектант архитект во […]
elena b.
05.30.2022

Интервју со Елена Брчиоска, студент на Front-End Академија.

Елена, Вие сте Магистер Инженер Архитект кој ја одбра оваа Front-End Академија како нов предизвик…

Токму така, моето високо образование го стекнав на Архитектонски факултет во Скопје, каде што се здобив со титулата Магистер Инженер Архитект, по која што и некое време работев како проектант архитект во архитектонско биро. Во моментов сум измеѓу работни места, но имам полна надеж дека комплетно ќе се ориентирам кон Front-end, секако со помош на знаењата стекнати на Академијата за Front-End на Creative Hub.

Регистрирај се за Front-End Академија!

     Регистрирај се за Front-End Академија!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Front-End Академија?

Отсекогаш имав огромен интерес кон Web Development, особено кон Front-end, но одбрав друг правец во образоованието. Со текот на времето повторно пројавив интерес за Front-end програмирање и тоа ме поттикна да барам начин за да ги проширам моите познавања од таа сфера.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Иако не е поминат долг период од почетокот на академијата, моето досегашно искуство е значително позитивно. Организацијата на предавањата, самостојните вежби и самиот материјал кој го изучуваме е распореден на начин кој што ни овозможува да се стекнеме со нови вештини, да ги апсолвираме истите и да научиме практично да ги употребуваме. Голем удел во тоа имаат и самите предавачи и нивната достапност кон студентите во секое време кога има потреба.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Од почетокот на академијата, до сега имам стекнато значително голем број на нови вештини, а на самите самостојни вежби ги изучувам различните начини на кои што истите можам да ги применам во пракса. Менторите и предавачите, како и нивната индивидуална посветеност кон студентите на оваа академија имаат големо влијание кон стекнување на потребната самодоверба за самостојна работа во оваа професија.

Регистрирај се за Front-End Академија!

    Регистрирај се за Front-End Академија!

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Секако пред да направам избор и да се одлучам за Creative Hub, ги разгледав сите опции, начини и искуствата од различните академии кои нудат стекнување на потребните знаења и вештини. Creative Hub нудеше и воведен курс, на кој што можеш да добиеш и увид на тоа како изгледаат предавањата и да одлучиш дали академијата е вистинскиот избор за тебе, пред да се посветиш на истата.

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Поради позитивните искуства кои ги слушнав од веќе завршените студенти на академиите кои ги нуди Creative Hub, одлучив дека тоа би било вистинскиот избор за мене и би го препорачала на секој кој размислува да стекне нови знаења, да ги прошири своите кариерни опции или да го започне својот професионален живот во некој нов правец кој го нуди токму оваа академија.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This