fbpx

HR студентите ги одбранија финалните проекти и се стекнаа со Европски признаена диплома

Во средата нашите студенти од Академијата за човечки ресурси ги одбранија финалните проекти и се стекнаа со Европски признаена диплома.Денес сакаме да се осврнеме на најчестите грешки кои студентите ги прават при креирање на годишна HR стратегија.Улогата на HR-от е да го креира најдобро работно искуство за своите вработени. HR професијата замислете ја како сценарист кој го […]
европски признаена диплома
09.15.2023

Во средата нашите студенти од Академијата за човечки ресурси ги одбранија финалните проекти и се стекнаа со Европски признаена диплома.

Денес сакаме да се осврнеме на најчестите грешки кои студентите ги прават при креирање на годишна HR стратегија.

Улогата на HR-от е да го креира најдобро работно искуство за своите вработени. HR професијата замислете ја како сценарист кој го пишува сценариото по кое треба да се движи кариерата на вработените се со цел да се континуирано мотивирани, предизвикани и задоволни.

Како го креираме тоа?

Најпрво мораме да го поставиме кариерниот пат. Кои се скалилата на кои ќе се движат вработените и како можат да стигнат до следното ниво?

Што е потребно за да стигнат до следното ниво?

Тука се вклучува системот на перфроманс менаџмент и тренинг и развој на вработени.

За некој да биде менаџер или тим лидер/супервизор не е доволно само да постигнува резултати. Потребно е и да го обучиме за неговата улога како иден лидер. Тука се вклучува процесот на развој на лидери и обуките за коучинг.

Како нашиот иден менаџер ќе им дава фидбек на вработените од неговиот тим, како ќе ги постави за успех?

А што правиме со оние вработени кои не постигнуваат резултати? Како ни е поставен процесот на прогресивна дисциплина?

Сите овие процеси во детали се изучуваат на Академијата за човечки ресурси. На нашата Академија ги спремаме студентите за 2 работни позиции, HR специјалист и регрутер.

А за оние студенти кои сакаат и се гледаат на менаџерски позиции Забрзаната програма вклучува и други 7 модули како HR Balanced Scorecard, Коучинг модул, Развој на жени лидери, Employer Branding, Employee Discipline Process, Поставување на тимот за успех, Развој на лидери 1-2.


Академијата за човечки ресурси започнува следна недела!

Закажете состанок со менторот на Академија + Работа на 071 214 849 или дојдете во нашите канцеларии.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This