fbpx

„Пракса и искуство стекнувам благодарение на Fast-track програмата“ – Таиса

Денеска запознајте се со Таиса Санџакоска, студент на Fast-track програмата на Академијата за Графички дизајн. Таиса ќе ни ја открие мотивацијата за да се запише на Академија, како и нејзиното практично искуство што го има стекнато на Fast-track програмата. Кажете ни нешто повеќе за Вас?  Јас сум дипломиран фотограф на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во […]
Таиса - студент на Fast-track Академија за Графички дизајн
08.01.2022

Денеска запознајте се со Таиса Санџакоска, студент на Fast-track програмата на Академијата за Графички дизајн. Таиса ќе ни ја открие мотивацијата за да се запише на Академија, како и нејзиното практично искуство што го има стекнато на Fast-track програмата.

Кажете ни нешто повеќе за Вас?

 Јас сум дипломиран фотограф на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје и студент на Академијата за графички дизајн на Creative Hub.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место? 

 Во графичкиот дизајн потребни се пракса и искуство. Нив ги стекнувам благодарение на fast-track програмата на Вашата Академија.

Early Bird на Академија за Графички дизајн

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Fast-track програмата на Академијата за Графички дизајн?

 За време на моето факултетско образование имав прилика да „ѕирнам” во графичкиот дизајн и уште тогаш знаев дека неизбежно ќе го изучувам. Долго време барав курсеви, но не можев да најдам соодветен за мене и моите потреби. 

Како сте задоволни од досегашните предавања на Fast-track програмата?

 Предавањата се многу интересни и динамични, а менторите посветени и секогаш достапни за нашите потреби.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

 Благодарение на практичното знаење кое го добив во текот на fast-track програмата на Академијата за графички дизајн се чувствувам самоуверена за самостојна работа.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

  Немам посетувано претходно друга Академија. Испитав повеќе опции во Македонија и во странство, но Creative Hub го задржа моето внимание, затоа и го избрав.

Early Bird на Академија за Графички дизајн

Регистрирај се!

Доколку размислувате и сакате да се запишете на Академијата за графички дизајн, имаме посебна Early Bird понуда за Вас. Понудата важи до 15ти август.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за графички дизајн која може да ја симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This