Кога ја креиравме програмата на Fast-Track програмата на Академијата за дигитален маркетинг решивме дека, независно колку часови се потребни сакаме да ги обучиме студентите во детали за работа на Google. За оние кои немаат многу познавања, процесот започнува со поставување на Google Tag ( таканаречени тагови ) на места што сакате да ги тракирате на вашата веб страна, како кликови на форми, копчиња, и слично.
За Гугл да го олесни тракирањето и маркетерите да не зависат од фронт-енд девелопер, го креира Гугл таг се со цел маркетерите кои имаат познавања од Google Tag самите да го сетапираат на веб страната. Откако се сетапира се поврзува со GA4 и Universal Analytics, за тие тагови да се тригираат (односно да се мерат) секој пат кога ќе има клик. Ако не Ви е поврзан Google Tag со веб страната тогаш Вие не мерите ништо односно никакви интеракции и не ја користите моќта на Гугл.
Значи првата цел ни беше да ги обучиме студентите на Забрзаната програма практично да постават Google Tag, и да го поврзат со GA4 & Universal. А, потоа го надоврзавме и предметот Google Ads, каде откако ги сетапиравме страните и почнавме да мериме, сега можеме да почнеме и да рекламираме.
Денес разговараме со Горан Георгиев, еден од најмотивираните студенти на Забрзаната програма на Академијата за дигитален маркетинг.
Со Горан ќе зборуваме за 5 теми, промена на професија, како дојде до Creative Hub, искуство од Fast-Track програмата, но и за Google Tag, GA4, Universal Analytics и со кои проблеми се соочил на практичниот дел од програмата за Google Ads.
Creative Hub: Горан вие работите во моментов во позната македонска компанија, зошто се одлучивте да смените професија во дигитален маркетер?
Горан: Академијата за дигитален маркетинг ја одбрав бидејќи дигиталниот маркетинг е професија на иднината. Тоа е професија која ми нуди работа од дома, и работа од канцеларија, континуиран раст и пред се креативност.
Creative Hub: На пазарот знаеме дека има многу конкуренција, малтене секој ден има некој што нуди програма за дигитален маркетинг. Ме интересира како беше вашиот процес на истражување пред да ја изберете Забрзаната програма на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub, и зошто се одлучивте за неа?
Горан:Истражувањата за тоа каде да се запишам не беше долго, бидејќи откако видов дека Creative Hub нуди Забрзана програма за дигитален маркетинг. Исто така менторите кои се на Академијата кои се со долгогодишно искуство беа пресудни за да се запишам во Creative Hub.
Creative Hub: Во јули месец имавме промоција каде доделувавме 300 ЕУР ваучери, промоција што е активна и во моментов за сите оние кои ова интервју ќе ги мотивира да променат професија. Дали можете да ни кажете како се разликува Fast-track програмата од класичната програма на Академијата?
Горан: Разликата од Забрзаната програма и класичната Академија е што на Забрзаната програма ни следуваат дополнителни 36 часа со ментор практична работа по секој предмет. Пример кој можам да го дадам е, ако на класичната програма се изучува предметот Google Ads во 10 часа, на Забрзаната програма следуваат уште 36 часа работа со ментор детално токму во Google Ads, Google Tag, GA4, UA. На Забрзаната програма самите работиме практични задачи. Дополнителната работа со ментор е секако унапредување на нашите маркетинг вештини.
Creative Hub: Во моментов работите на модулот на Google Tag, GA4, Universal Analytics & Google Ads, модул кој за студентите на Забрзаната програма се изучува во дополнителни 36 часа и во детали. Може ли да ни го објасните начинот на кој предава Миле Давчевски, еден од најискусните Google Ads предавачи кај нас?
Горан: Начинот на кој предава Миле според мене е одличен, бидејќи неговиот и не толку формален пристап ни овозможува на нас студентите подобро да ја сфатиме материјата која и не е така лесна. Се работи за Google Tag менаџер, GA4, Universal Analytics и Google Ads. Се што Миле предава и ние самите го пробуваме поради тоа што имаме пристап на сајтовите на Creative Hub. Јас самиот имав шанса да сетапирам Google Tag и да го поврзам со форми, копчиња односно се што сакаме да тракираме и потоа истиот таг да го регистрирам како event/goal во GA4 & UA.
Creative Hub: Многу ќе одговорат дека се задоволни, но можете ли малку повеќе да ни кажете, како оди практичниот дел, дали ако денес имате клиент, се чуствувате способни да сетапирате Google Tag на веб страна и да го поврзете со GA4 & Universal Analytics? Како го научивте тоа на програмата?
Горан: Па добро знаеме сите дека Universal после јуни Гугл ќе го замени со GA4, но според мене еден маркетер добро е да има познавања и од двете. Прво сакам да кажам дека Миле има навистина огромно искуство и многу добро го пренесува. Буквално не научи да го сфатиме Google Tag и да научиме како да го сетапираме и потоа да провериме дали функционира во real time. Сите добивме задача да сетапираме Google Tag на лендинг страна на креатив хаб и да извежбаме. Сега истото се случува и со Гугл Адс каде практично пуштаме рекалами со буџет.
Creative Hub: Работејќи практично на модулот на Google Ads, кога се најдовте во улога да пуштите реклами наидовте на проблем. Знаеме дека Google не поддржува македонски јазик. Кое е решението за македонски услужни бизниси кои сакаат да се рекламираат?
Горан: Да, ова е добро прашање, решението е лендинг страната да биде на англиски јазик. Но ова сакам да го издвојам како пример зошто треба да се избере Fast-Track програма. На класичната учиме Google Ads во 10 часа, додадете на тоа плус уште 36 часа практични од Fast-Track тоа се 46 часа за усовршување на се што е гугл од аналитика, до рекламирање до сетапирање на тагови на веб страна. Тоа е вредноста на забрзаната програма.
Новата група на Академијата за дигитален маркетинг ќе започне на 10ти март.
Уписите за Академијата се во тек. Сите оние кои сакаат да се информираат за програмата тоа можат да го направат со закажување на термин на следниот линк.