fbpx

Час по Фотографија: Академијата за графички дизајн

Фотографија – првиот предмет од Академијата за графички дизајн Мартин Трајановски (професионален фотограф, инфлуенсер) е предавач по предметот Фотографија на Академијата за Графички Дизајн и Адвертајзинг. Toj секојдневно не’ воодушевува и инспирира, изразувајќи се преку објективот. Студентите запишани на академијата имаа можност да се нурнат  во светот на фотографијата. А воедно да научат за основите […]
интервју
02.18.2021

Фотографија – првиот предмет од Академијата за графички дизајн

Мартин Трајановски (професионален фотограф, инфлуенсер) е предавач по предметот Фотографија на Академијата за Графички Дизајн и Адвертајзинг. Toj секојдневно не’ воодушевува и инспирира, изразувајќи се преку објективот.

Студентите запишани на академијата имаа можност да се нурнат  во светот на фотографијата. А воедно да научат за основите на фотографијата, но и за фотографијата  како форма на уметничко изразување. Студентите исто така учеа и за фотографијата како медиум за создавање на креативи и пренесување на приказна и емоции.

Во првите четири часови на предметот фотографија, студентите учеа за добри и лоши примери на фотографија, добри и лоши примери за едитирање. Освен тоа, студентите учеа и за анатомија на камерата, елементи на фото студио, мобилна фотографија, портрет фотографија итн.

Петтиот час од предметот се одржа во хотелот Хилтон, Скопје. Студентите имаа можност на неформален начин да учат за едитирање на фотографија преку мобилен телефон со помош на „Adobe Lightroom“.

Интервју за маркетинг ипр

Интервју во врска со Академијата за графички дизајн

Серијалот „Marketing Stories“ зборува за Академијата за Графички Дизајн

По завршувањето на предавањето, студентите беа поканети да присуствуаат на снимањето на серијалот  “Marketing Stories” заедно со Лила Филиповска (ТВ водителка, инфлуенсерка).

Видеото од серијалот ќе биде достапно во средината на март 2021, во меѓувреме може да погледнете дел од претходните серијали as a result of „Marketing Stories“ каде што македонската позната водителка имаше можност да разговара со:

1. Сергеј Зафировски (основач на Инсајдер ИД) на тема „Истражување на пазарот“

2. Михаил Ангелов (консултант и специјалист за дигитален маркетинг) на тема: SEO (Search Engine Optimization) &

3. Аријана Коскарова (основач на CreativeHub).

По завршување на предметот „Фотографија“ студентите ќе бидат вклучени во практичен проект каде ќе бидат во можност да го имплементираат стекнато знаење за време на часовите.

Покрај предметот „Фотографија“ студентите како дел од академијата ќе изучуваат и за:

-Adobe Photoshop, Adobe Illustrator and Adobe InDesign

-Advertising and UX UI Design,

-Branding or Typography,

-Print Materials Production and After Effects

-Social Media

Кампањи на студентите од  Академијата за графички дизајн

Кампања против насилство врз жените

Кампањата беше имплементирана во пресред на Глобалната недела против насилство над жените, од студентите на Академијата за графички дизајн на Creative Hub во партнерство со Intermezzo Music Bar, и со поддршка од PowerAD, Женски Магазин и Magna Sken, се со цел да се крене свесноста во врска со овој проблем.

Слоганот на кампањата е „Ќе оставам лузните Ви ја ракажат мојата приказна”, а како сценарија беа прикажани токму оние “oправдувања” што најчесто се кажуваат кога ќе слушнеме дека некој е жртва на насилство.

Фотографска изложба со НЛБ Тутунска Банка

Станува збор за изложба на црно бели фотографии во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг. Истата беше егзекутирана во соработка со НЛБ Тутунска Банка

Изложба во Јавна Соба

На изложбата студентите имаа можност да ги претстават своите креации направени за време на завршниот проект, и да ги добијат дипломите.

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This