Пред почетокот на новата група на Академијата за фронт-енд програмирање, разговараме со Сашо Митковски еден од предавачите на Академијата. За целите, проектите и структурата на Академијата прочитајте во прилог.
Саше Вие сте професор на Академијата за фронт-енд програмирање, а во својата кариера бележите 11 години искуство во работа со фронт-енд, но и како предавач на повеќе Академии. Како се одлучивте за оваа соработка со со Creative Hub?
Да, точно е веќе 11 години работам со фронт-енд програмирање, во главно со React или Vue. Во моментов работам во Alosys и предавам на Front-end Академијата.
Од самиот почеток со Бојан од Creative Hub разговаравме и одлучивме да ја направиме оваа Front-end Академија. Со тоа што ќе го изучуваме точно она што му треба на еден Front-end developer да го знае за да може да почне со работа. Така дојдовме до оваа стриктно разработена програма која што ја нудиме и изучуваме, исто и за да можат самите да го почнат со изучувањето на нешто ново после Академијата. Но, да бидам искрен во оваа професија цел живот е константно учење и надоградување.
Кое достигнување во вашата кариера Ве прави најмногу горди?
Дефинитивно предавањето! Ме радува тоа што можам да им помогнам на луѓето да се преквалификуваат и да го работат она што го сакаат.
Колку време предавате на Front-end Академијата?
Тука сум од самиот почеток, уште со Бојан кога решивме да ја отвориме првата Front-end Академија во Creative Hub, значи скоро 9 месеци. Утре ни започнува и новата група, спремни сме за да ги обучиме идните програмери.
Може ли да издвоите некој студент на кого сте особено горди?
На сите подеднакво сум горд. Скоро никој од нив немаше претходно искуство, но сега слободно можам да кажам дека се спремни за понатамошниот пат.
Минатата недела го презентираа нивниот втор проект – JavaScript и бев воодушевен од тоа што го имаа направено.
Што е она што сметате дека најмногу им е потребно на студентите да ги научат Вашите предмети HTML, CSS и BOOTSTRAP?
Упорност, учење, константност!!!!
Без разлика дали се моите предмети или било кој друг предмет од Академијата, само со желба за учење, надоградба и развивање ќе ја постигнат целта.
Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри? Како ова го промени начинот на учење?
Ваков тип на Академии им нудат на луѓето да се преквалификуваат, да ја сменат својата професија. Исто така им даваат шанса да си овозможат подобар живот и подобра иднина. Како викаат во оваа професија небото е граница!
На огласите за вработување се повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини. Дали може да ни кажете кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашите предмети?
Ќе го одговорам ова прашање со три цели кои треба да си ги постават кандидатите пред да се запишат на Академијата.
- Цел 1: Да можат да креираат веб страни и апликации по желба на клиентот/фирмата.
- Цел 2: Веб страните да бидат одлично оптимизирани кога корисникот ќе ги отвора на различен тип на уреди (лаптопи, таблети, мобилни телефони итн.).
- Цел 3: Да креираат темплејти со леснотија и ефикасност преку употреба на правилен и лесно разбирлив код.
Доколку сакаш да станеш front-end програмер тогаш Front-end Академијата е изборот кој треба да го направиш. Започни ја твојата кариера денес.
За да се регистрираш испрати маил на contact@creativehub.mk.