fbpx

 Дел од студентите веќе започнаа со пракса, а другите се спремаат за првото интервју како јуниор програмери… 

Пред почетокот на новата група разговараме со Никола Ризовски, фронт-енд девелопер во Creative Hub и асистент на Академијата за фронт-енд програмирање. Никола е вистински пример на успешна приказна на некој што променил кариера преку Академија. За Академијата, вежбите кои ги работи со студентите и проектите прочитајте во прилог! Никола, кажете ни нешто повеќе за Вас […]
Nikola front-end program assistant
10.19.2022

Пред почетокот на новата група разговараме со Никола Ризовски, фронт-енд девелопер во Creative Hub и асистент на Академијата за фронт-енд програмирање. Никола е вистински пример на успешна приказна на некој што променил кариера преку Академија. За Академијата, вежбите кои ги работи со студентите и проектите прочитајте во прилог!

Никола, кажете ни нешто повеќе за Вас и вашата професија.

Можеби јас сум најдобар пример, за некој кој успеал за промени кариера и преку Академија да стекне знаење кое ќе го преточи во фронт-енд кариера. Пред 3 години и јас бев како студентите, но верував во себе, работев многу, еволвирав како програмер, се соочив со проблеми, работев со поискусни ментори и денес имам кариера што ме исполнува.

Како изгледа еден Ваш работен ден како front-end developer во Creative Hub?

Со оглед на фактот дека работиме за 3 канцеларии, многу динамично. Ха ха 

Во Creative Hub започнав пред една година и неколку месеци, можам да кажам дека е одлично искуство.Она што ми се допаѓа е тоа што навистина работиме во тим со мојата колешка Александра која е воедно и асистент на UX/UI Академијата. Да не ги заборавам колешките Арлинда и Ангела, со кои секојдневно комуницираме за функционалност од страна на дигитален маркетинг. Минатата недела со Арлинда бевме на KOSICT, регионална ИТ конференција што се одржуваше во Приштина. Накратко би споменал динамично и забавно е да се работи во овој тим.

Колку време сте асистент на Front-end Академијата?

Creative Hub најпрво започна со Фронт-енд Академија во Приштина. Во Скопје започнавме со првата група во февруари месец, и можам да кажам дека ми беше одлично искуство да го пренесам знаењето, сега од другата страна како асистент и ментор. На 27ми октомври започнува и новата група на Академијата, па ги охрабрувам сите што сакаат да се запишат да го направат тоа денес.

Front-end Академија

 

Секоја сабота студентите имаат вежби со Вас, па дали може да ни кажете со какви предизвици се соочуваат и што е тоа што најмногу сакаат да го работат?

Во однос на вежбите секогаш гледам примерите и задачите што ги решаваме да бидат проблеми со кој што би се соочиле кога би започнале со работа како почетници. Кодирање се учи преку пишување код. Колку повеќе пишуваш код, го структурираш и го анализираш односно бараш решение кога незнаеш како – така учиш. Не постои совршен код, и затоа почетниците не треба да се обидуваат да напишат совршен код, но доволно добар и добро организиран. Велам добро организиран бидејќи тој код треба да биде лесно разбирлив дури и ако некој го наследи проектот после Вас. Тоа е она што ги учиме студентите.

Дали може да издвоите кој е најактивен студент?

Можеби неблагодарно е да го одговорам јас ова, но ќе кажам дека секоја група на студенти има поактивни студенти кои навистина се трудат и се гледа нивната пасија за програмирање. Не е лесно да се научи, ако беше лесно секој ќе беше програмер, сепак станува збор за една од најперспективните професии, но дали е возможно, секако дека да.

Првата генерација на Front-end Академија ќе дипломира наскоро, па какви впечатоци имаат студентите од истата?

Особено ми е драго поради тоа што минатитот викенд ја имавме втората проектна презентација од страна на студентите. По завршувањето на првите модули студентите го изработија првиот проект кој беше статична веб страна според даден дизајн. Истата требаше да ја изработат и да биде респонзивна.

Вториот проект е продолжеток на првиот со тоа што сега додадовме функционалност на неа како “log in”, “register”, “add-to-cart” на производите што ги имаме. Исто така студентите правеа манипулирање со “local storage” и земање на податоци од back-end.

Изминатиот викенд имавме презентација на вториот проект што го изработуваат студентите самостојно, со оглед на тоа што имаме веќе студенти што започнале со пракса, други веќе се спремаат за првото интервју атмосферата помеѓу студентите беше одлична и се гледа возбудата за промена на кариерен план.

Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри?

Добри се бидејќи го олеснуваат патот на промена на кариера. Имаме студент од оваа група кој заглавил на ФИНКИ, се демотивирал и сега на Академијата да бидам искрен е најдобар студент. Формалното образование е одлично да се има, но за луѓе кои се во константен работен однос Академиите се одличен избор преку менторскиот пристап и секако можноста да се учи од предавачи кои се практично спремни.

Front-end Академија

 

Кој е клучот до успешна кариера како front-end developer?

Посветеност, упорност и многу работа ( пишување код !!! ). 

Каква препорака имате за идните студенти на Front-end Академија?

Ќе кажам кратко и јасно, доколку се одлучите во следните 9 месеци да се посветите на Академија и дадете приоритет на тоа – успехот Ви е загарантиран!

Доколку сакаш да почнеш нова или да промениш кариера и да станеш front-end програмер Creative Hub е тука за тебе.

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This