fbpx

„Со секое предавање на Front-end Академијата стекнувам нови знаења“ – Анастасија

Денес запознајте се со Анастасија Николиќ, нашиот студент на Front-end Академијата, таа воедно е и матурантка. Во ова интервју ќе имате можност да ја прочитате нејзината приказна. Од каде дојде нејзината желба да се запише на Front-end Академија и кое е нејзиното искуство со истата. За почеток кажете ни нешто повеќе за Вас? Јас сум […]
Front-end student - Anastasija
07.01.2022

Денес запознајте се со Анастасија Николиќ, нашиот студент на Front-end Академијата, таа воедно е и матурантка. Во ова интервју ќе имате можност да ја прочитате нејзината приказна. Од каде дојде нејзината желба да се запише на Front-end Академија и кое е нејзиното искуство со истата.

За почеток кажете ни нешто повеќе за Вас?

Јас сум Анастасија, завршувам средно училиште гимназија „Гоце Делчев“, матурантка сум. Исто така сум и студент на Front-end Академијата на Creative Hub.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Би сакала да можам да работам на изглед, естетика и целокупниот дизајн на веб страна.

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Front-end Академијата?

Ме интересирање како денешните веб страници се изградени, што е потребно за нивниот изглед, како функционираат нивните елементи и дали би можела јас да направам нешто слично.

Grace period - Front-end Академија

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Задоволна сум од досегашните предавања. Со секое предавање на Front-end Академијата стекнувам нови знаења и сум мотивирана за понатамошна работа.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Стекнав знаење од досегашните предавања и сметам дека би можела мојата идна професија да ја развијам врз основа на овие знаења.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не сум посетувала други Aкадемии, но секако направив истражување за сите кои нудат стекнување на неопходни вештини за front-end програмер.

Grace period - Front-end Академија

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Ја избрав Академијата на Creative Hub бидејќи сметам дека најмногу ми одговара. Се запознав со предавачите и програмата на бесплатните воведни предавања и многу ми се допадна нивната комуникација, организација и работа. Секако би ја  препорачала Академијата на секој кој е мотивиран за стекнување нови знаења и добра работа.

Front-end Академијата започнува наскоро, а доколку и ти си заинтересиран побрзај за да го зафатиш своето место. Регистрирај се денеска, затоа што цените на Академијата се зголемуваат од следна недела.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This