fbpx

За краток период се стекнав со практични знаења – Георги Ангелов

Интервју со Георги Ангелов, студент на Front-End Академија. Георги, кажи ни нешто повеќе за себе? Дали работиш, каде работиш? Јас сум Георги Ангелов од Струмица, имам 20 години. Имам завршено средно-стручно образование и студирав една година на ФИНКИ. Моментално работам во кафуле и сум дел од  Front-end Академија во Creative Hub. Кои вештини ти беа […]
Georgi Front End
05.31.2022

Интервју со Георги Ангелов, студент на Front-End Академија.

Георги, кажи ни нешто повеќе за себе? Дали работиш, каде работиш?

Јас сум Георги Ангелов од Струмица, имам 20 години. Имам завршено средно-стручно образование и студирав една година на ФИНКИ. Моментално работам во кафуле и сум дел од  Front-end Академија во Creative Hub.

     Регистрирај се за Front-End Академија!

     Регистрирај се за Front-End Академија!

Кои вештини ти беа потребни, а ги немаше до посакуваното работно место?

Кога започнав со Академија имав некои мали предзнаења уште од срeдно училиште и уште тогаш почна да ме привлекува кодирањето за веб страници. Javascript и React се вештините кои се уште ми недостасуваат, но тие модули тек сега следат.

Која беше твојата мотивација да се запишеш на Front-End Академија?

Мотивација ми беше тоа дека за пократок период ќе се стекнам со квалитетно и практично знаење и ќе бидам целосно подготвен да се занимавам со тоа што го сакам и ме привлекува.

Како си задоволен од досегашните предавања?

Јас сум презадоволен од досегашниот тек на предавањата на Академијата. Професорите се секогаш достапни, ни помагаат и ни укажуваат на нашите грешки за да се подобриме во иднина.

Дали на Front-End Академија добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

За краток временски период се стекнав со знаење што ме охрабрува дека ќе можам самостојно да се занимавам со оваа професија во иднина.

     Регистрирај се за Front-End Академија!

     Регистрирај се за Front-End Академија!

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Немам посетувано други Академии. Вашата академија ми беше предложена од еден мој пријател кој има завршено Академија за маркетинг и тој ме убеди да се запишам на Front-End Aкадемија.

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Creative Hub го избрав бидејки нудеше многу добри и привлечни услови, а и големо влијание имаа советите од пријателот и неговото задоволство од Вашата Академија. Да, и секако ја препорачувам на секој заинтересиран.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This