fbpx

„Константно добиваме практични задачи на Front-end Академијата“ – Тодор

Запознајте се со Тодор Исајловски, тој е студент на Front-end Академијата. Во продолжение во интервјуто може да прочитате за неговата мотивација да се запише на Академијата, зошто го избра Creative Hub и какво е неговото искуство со досегашните предавања. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? Моментално сум невработен. Одлучив […]
Тодор Исајловски - студент на Front-end Академија
10.04.2022

Запознајте се со Тодор Исајловски, тој е студент на Front-end Академијата. Во продолжение во интервјуто може да прочитате за неговата мотивација да се запише на Академијата, зошто го избра Creative Hub и какво е неговото искуство со досегашните предавања.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

Моментално сум невработен. Одлучив максимално да се посветам на Front-end Aкадемијата.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Најмалку сум запознаен со front-end областа во програмирање, затоа и одлучив да се запишам на оваа Академија.

Grace period - Front-end Академија

Информирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Работа со ментори кои имаат долгогодишно искуство, ефикасен начин за усовршување во конкретната струка. Како и поволностите кои ги нуди Creative Hub во текот и по завршувањето на Академијата.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Задоволен сум од предавањата, текот е подобар од што очекував. На Front-end Академијата се стекнувам со знаење кое подоцна ќе можам да го применам во пракса.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Константно добиваме практични задачи, сугестии од страна на менторите за проблематики со кои самите тие се сретнувале во минатото, нивни искуства со клиенти итн. Со тоа сметам дека менторите споделуваат доста од искуството кое го имаат, искуство кое е примарно да го стекнеме за поголема самодоверба во иднина.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Ова е прва Академија која ја посетувам. По сугестија од страна на блиски пријатели кои посетувале Академии во Creative Hub се одлучив токму за оваа Академија без да разгледам други опции.

Grace period - Front-end Академија

Информирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Како што напоменав поради позитивни коментари од страна на пријатели кои посетувале Академии во Creative Hub, квалитетни ментори и поволностите на Академијата. Секако би го препорачал на секој кој е заинтересиран за промена или усовршување на неговата кариера.

Новата група на Front-end Академијата ќе започне наскоро, а доколку и ти сакаш да биде дел од неа можеш да го направиш тоа сега. Цената на Академиите ќе се зголеми по 5ти октомври. Затоа побрзај за да се запишеш. Контактирај не на 071 214 849 или прати ни маил на contact@creativehub.mk.

Доколку имаш прашања за Академијата, можеш да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо на следниов линк.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This