fbpx

Како изгледа целосната програма на мини Дигитален маркетинг Академија?

Дојдовме до идеја да ја креираме првата програма на мини Дигитален маркетинг Академија, бидејќи на луѓето се повеќе им се потребни брзи дигитални вештини. Преку оваа целосно практична програма, ќе работите директно со алатките кои ќе ги примените во реалната работа. Програмата е наменета за сите активни учесници, независно дали имате претходно искуство или немате. […]
MINI Digital Marketing Academy
05.31.2022

Дојдовме до идеја да ја креираме првата програма на мини Дигитален маркетинг Академија, бидејќи на луѓето се повеќе им се потребни брзи дигитални вештини.

Преку оваа целосно практична програма, ќе работите директно со алатките кои ќе ги примените во реалната работа. Програмата е наменета за сите активни учесници, независно дали имате претходно искуство или немате.

Базирана на реални случаи и практики

Ова значи дека на секое предавање треба да бидете активно вклучени во се она што се работи. Со тоа ќе почнете да размислувате стратешки, вклучувајќи ги сите елементи на дигиталниот маркетинг ќе можете да создадете најдобра оптимизирана стратегија.

Регистрирај се за mini Digital Academy

Регистрирај се за mini Digital Academy             

Целосна програма

  • Научете како да изградите Buyer Persona 
  • Анализа на истражување на пазар и улогата на податоците во креирање на Buyer Persona и таргет група за различни канали
  • Зошто треба да имаш Game Plan за таргетинг и ретаргетинг пред да започнеш со Фејсбук реклами? 
  • Како и колку е потребно да тестираш различни Ad sets & Ads?  
  • Во кој сегмент од funnel-от да користиш Custom, Lookalike, Interest-based Audience? 
  • Што се conversion events? Какви постојат? 
  • Како да направиш research на рекламите на конкуренција? 
  • Каков копи да креираш врз база на твоите Buyer персони? 
  • Како да ги следиш чекорите на купувачот преку Facebook Pixel? 
  • Како да поставиш Pixel? 
  • Како да поставиш евенти со Pixel-от на страната на твојот клиент? 
  • Како да ги мериш резултатите?
  • Кои метрики ќе ги користиш за да се измериш самостојно како маркетер? 
  • Какви KPI ќе поставиш? 
  • Како ќе ги оптимизираш рекламите? 

 

Работа на реален проект

Студентите на Мини Дигитален маркетинг ќе работат на реален проект Game plan за маркетинг агенција во САД. Сите заедно ќе работат на креирање на стратегија од тоа што го научиле. Менторот Аријана Коскарова е тука за да им даде Фидбек на студентите за изработеното и достапност додека трае мини Академијата.

Која е целта

Целта е преку оваа Мини Дигитален Маркетинг Академија да стекнете брзи вештини и знаење во период од 3 недели. Истите вештини ќе можете да ги примените доколку аплицирате за работа или пак ако работите како дигитален маркетер.

Како може да се пријавите?

Пријавувањето може да биде на нашата веб страна или пак да не контактираат на 071 214 849. Доколку имате подетални прашања можете да закажете и состанок со координаторот на следниот линк. 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This