fbpx

„Менторите се трудат да ни објаснат и повеќе од што треба за да не спремат во светот на графичкиот дизајн.“ – Ана

Денеска разговараме со Ана Наумовска од Скопје, студент на Академијата за Графички дизајн. За нејзината приказна може да прочитате во продолжение во целосното интервју. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? Јас сум Ана Наумовска од Скопје, имам 32 години, моментално сум вработена во фотокопирница веќе 5та година. Студент сум […]
Ана - студент на Академијата за Графички дизајн
07.04.2022

Денеска разговараме со Ана Наумовска од Скопје, студент на Академијата за Графички дизајн. За нејзината приказна може да прочитате во продолжение во целосното интервју.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

Јас сум Ана Наумовска од Скопје, имам 32 години, моментално сум вработена во фотокопирница веќе 5та година.
Студент сум на Академијата за Грфички дизајн во Creative Hub. Имам 5 годишна ќерка и можам да кажам дека и она е дел од причината која што сакам да напредувам и изучувам нови работи со цел за подобар и поквалитетен живот.


Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

 Работам од мојата 19та година и сметам дека имам стекнато повеќе вештини во однос на продажбата и услугата со клиенти, но конкретно во професијата за графички дизајн мислам дека тука е потребно повеќе вежбање и пракса (искуство) и секако изучување на алатките за правилно користење на истите.

Last Minute на Академија за Графички дизајн

Искористи ја Last Minute понудата!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата за Графички дизајн?

 На Facebook имаше спонзорирана реклама за бесплатен курс – Вовед во графички дизајн од времетраење од 2 недели каде што се пријавив и го следев редовно. Менторката Маја убаво објаснуваше на часовите и можностите за работа со графички дизајн. Сето тоа ми влеваше надеж дека и јас еден ден ќе можам да го научам и да работам како графички дизајнер. На работа знам да си “чепкам” и да ги средувам фајловите пред да се печатат.  Сакам повеќе да научам за оваа професија и секако во иднина да работам и да заработувам од неа.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Предавањата на Академијата за Графички дизајн се супер. Менторите се трудат да ни објаснат и повеќе од што треба за да не спремат во светот на графичкиот дизајн.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Се уште е рано да кажам дека сме спремни бидејќи на средина сме со Академијата и немаме изучено баш сè. Но можам да кажам дека со секој нареден час и со секој нов проект и изработка на домашната задача сме чекор поблиску до осамостојување.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

 Не сум посетувала други Aкадемии претходно и направив истражување. Истражување во однос на времетраењето, цената и можностите кои ги нудат и се решив за Creative hub. Исто така Creative Hub ми го препорача и моја блиска пријателка.

Last Minute на Академија за Графички дизајн

Искористи ја Last Minute понудата!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Creative hub го одбрав најмногу поради квалитетните и практични предавања на професорката Маја која има долгогодишно искуство во областа на графичкиот дизајн. Таа знае како да не спреми за понатамошната работа во оваа професија.
И секако би ги препорачала Creative hub на моите пријатели и на сите оние кои сакаат да ја променат својата кариера или сакаат да се надоградат.

За сите оние кои размислуваат за кариера во областа на графичкиот дизајн, спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија. Оваа понуда важи само до 15ти јули односно уште само 11 дена.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за графички дизајн. Примерокот може да го симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This