fbpx

Одлуката да се учи нешто сосема ново и непознато е предизвик за секој – Моника

Во денешното интервју запознајте се со Моника Чучуљ, студент на Академијата за Графички дизајн. Во продолжение прочитајте ја нејзината приказна, зошто ја избра оваа Академија, како и искуството со досегашните предавања. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали професијата што ја работите е поврзана со графички дизајн? Моментално сум вработена, но во област која […]
Моника студент на Академија за Графички дизајн
06.24.2022

Во денешното интервју запознајте се со Моника Чучуљ, студент на Академијата за Графички дизајн. Во продолжение прочитајте ја нејзината приказна, зошто ја избра оваа Академија, како и искуството со досегашните предавања.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали професијата што ја работите е поврзана со графички дизајн?

Моментално сум вработена, но во област која нема допирна точка со графички дизајн. Графичкиот дизајн ме исполнува и во таа област сакам да ја изградам мојата иднина, како иден графички дизајнер.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Способност за учење на платформи за дигитален дизајн како Adobe и InDesign. Избор на најефикасна типографија за проекти, урамнотежување на уметничкиот интегритет со привлечност на публика. Ова се само дел од вештините кои имаме можност да ги стекнеме и научиме во текот на целата програма и да се оформиме како комплетни идни графички дизајнери.

Early Bird на Академија за Графички дизајн

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Главната мотивација да се запишам токму на Академијата за Графички дизајн е начинот на кој истата се изучува, а тука спаѓаат праксата и реалните проекти. Секако тука е и љубовта, дизајнот и реалниот пристап кон решавање на одреден проблем.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Многу сум задоволна од досегашните предавања. Начинот, пристапот и односот кон нас и материјалот што го обработуваме е многу практичен, реален и пред се разбирлив. Комуникацијата е на високо ниво и сето тоа дава можност да се пронајдам во изборот што го направив.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Веднаш по запишувањето на Академијата воочив дека графичкиот дизајн е професија која ме исполнува. Секако, одлуката да се учи нешто сосема ново и непознато е предизвик за секој. Но, потребната помош и професионализам што ни го даваат менторите е секогаш плус и поттик за работа, сознание и реализација на дадените задачи.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не сум посетувала друга Академија претходно. Ова ми е прво искуство и тука ја наоѓам љубовта и пасијата за да ги соединам задоволството и работата.

Early Bird на Академија за Графички дизајн

Регистрирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Вашите пријатели?

Сигурно и со задоволство би го препорачала Creative Hub на сите мои пријатели и би дала позитивен коментар затоа што Академијата е одлична и дава одлични резултати.

Доколку Ви се допадна ова приказна и Ве натера да се подразмислите за вашата кариера. Независно дали сакате да направите промена во кариерата или пак сакате да се усовршите, ние спремивме одлична можност за Вас.

Спремивме Early Bird понуда за запишување на Академија, која важи до 15ти август. Ова е одлична шанса да се запишете на Академија, а воедно и да заштедите 200 евра. За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за Графички дизајн која може да ја симнете на следниов линк.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This