fbpx

Хакатон со грчката маркетинг агенција George Kapernaros

Во соработка со Дигиталната e-commerce маркетинг агенција George Kapernaros од Атина Creative Hub организираше интернационален хакатон за нашите студенти на Академијата за дигитален маркетинг. Дигиталната е-commerce маркетинг агенција на George Kapernaros моментално соработува со клиенти од Европа, Америка и Јужна Африка.  George Kapernaros е-commerce маркетинг агенцијата е партнерска фирма на Creative Hub. George е свесен […]
Хакатон со грчката маркетинг агенција George Kapernaros
05.17.2021

Во соработка со Дигиталната e-commerce маркетинг агенција George Kapernaros од Атина Creative Hub организираше интернационален хакатон за нашите студенти на Академијата за дигитален маркетинг.

Дигиталната е-commerce маркетинг агенција на George Kapernaros моментално соработува со клиенти од Европа, Америка и Јужна Африка. 

George Kapernaros е-commerce маркетинг агенцијата е партнерска фирма на Creative Hub. George е свесен за талентот кој произлегува од нашите Академии и без двоумење се согласи дека е време за хакатон кој ќе ги мотивира нашите студенти и секако ќе им донесе работна позиција.

“Вашите студенти поседуваат вештини кои и се потребни на секоја маркетинг агенција. Квалитетен талент е тоа што мене ми е потребно па затоа одлучив да соработувам со вас,” вели Kapernaros.

Идејата за овој хакатон беше взаемна. Имено, на Geore му се потребни неколку таленти кои ќе придонесат за развојот и растот на неговата компанија. Creative Hub пак, секогаш е подготвен да им даде на своите студенти шанса за покажување на нивното знаење и секако напредок и продуктивност.

Интернационален хакатон – задачата на студентите е? 

Студентите имаат за задача да решат еден проблем на клиент кој продава спортска облека. Станува збор за светски бренд кој нуди високо квалитетни производи. Имено, анализата на на бизнисот открива дека процентот на задржување на клиентите е многу мал. 

Податоците откриваат дека помалку од 10% од клиентите купуваат повеќе од еднаш, што е многу низок процент, не само за овој туку и за секој висококвалитетен бренд. Во објаснувањето од George студентите добија детални информации и за бизнисот и за истражувањето но и  пристап до сите активности кои брендот успешно и помалку успешно ги спроведува. 

Предизвикот за студентите? Креирање серија од 3 е-пораки што се испраќаат на нови клиенти и кои имаат потенцијал да се вратат во иднина. Студентите имаат 10 дена да се подготват и да креираат решение кое ќе го реши проблемот на клиентот на George. 

На хакатонот тие ќе имаат шанса да научат нешто повеќе од своите колеги, да понудат решенија за оптимизирање на бизнисот и секако да ја добијат својата работа од соништата и започнат кариера во дигиталниот маркетинг.

Дефинитивно, овој хакатон ќе биде едно поинакво искуство за нашите студенти. Прво, бидејќи е интернационален а второ, бидејќи исходот од хакатонот е нешто поинаку од сите досегашни хакатони кај нас.

Инволвираност во реални поекти за реален клиент се одличен метод за тестирање на вештините на нашите студенти. Секако, тие се и метод за наградување. Преку овој хакатон, секој студент ќе има можност да го примени ствоето знаење стекнато на Академијата за дигитален маркетинг и секако да го збогати своето портфолио. Да не забораваме, еден од нив ќе добие remote работна позиција во e-commerce маркетинг агенцијата на George.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This