fbpx

HR Академијата на Creative Hub беше мојот прв и најдобар избор – Даниела

Во денешното интервју разговараме со Даниела Ѓоргиевска студент на Академијата за Човечки ресурси. Даниела денес ќе ни открие нешто повеќе за себе, зошто избра HR и какво е нејзиното искуство со Академијата. Даниела дали може да ни кажете нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите? Имам дипломирано психологија на Филозофскиот факултет во […]
Даниела студент на HR Академија
06.27.2022

Во денешното интервју разговараме со Даниела Ѓоргиевска студент на Академијата за Човечки ресурси. Даниела денес ќе ни открие нешто повеќе за себе, зошто избра HR и какво е нејзиното искуство со Академијата.

Даниела дали може да ни кажете нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?

Имам дипломирано психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од дипломирањето работам во Дневен центар за деца на улица во НВО Заштита на правата на детето, но во моментов сум во отказен рок. Исто така сум и студент на Академијата за Човечки ресурси на Creative Hub.

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

Желбата и амбицијата да работам во HR постоеле одамна, но изостанувале потребните знаења и вештини. Затоа се запишав на HR Академијата на Creative Hub, веднаш откако го ислушав бесплатниот курс за човечки ресурси.

Super Early Bird на HR Академија

Искористи ја понудата!

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Предавањата на Академијата се инспиративни, предавачите се одлични професионалци со длабоко искуство во областа, кои умеат да го пренесат своето знаење преку најпрактични примери.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не сум посетувала други Академии претходно, ова ми е прво искуство со Академија. Пред да се одлучам истражував  и други опции, но HR Академијата на Creative Hub беше мој прв и најдобар избор.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Тука на Академијата ги стекнувам сите потребни вештини кои во иднина ќе можам да ги применам на новото работно место. И секако сум охрабрена да работам во оваа професија, што ми е желба веќе подолго време.

Super Early Bird на HR Академија

Искористи ја понудата!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Како што веќе кажав, пред да се запишам на HR Академијата, првин го проследив бесплатниот воведен курс по човечки ресурси. Воведниот курс допринесе да се одлучам за HR, сакав да видам што се изучува на Академијата, за да можам да бидам сигурна дека можам да го постигнам тоа. Затоа и го избрав Creative Hub и топло го препорачувам секому кој сака да промени кариера.

Доколку Ви се допадна приказната на Даниела и сакате да ја промените Вашата професија, ние сме тука за Вас.

Затоа само за Вас спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија, која важи до 15ти јули. Ова е одлична можност да се запишете на Академија, а воедно и заштедувате 300 евра. За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за Човечки ресурси која може да ја симнете на следниов линк.

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This