fbpx

„Академијата за Човечки ресурси ја видов како шанса да ги надоградам моите вештини“ – Јана

Во денешното интервју разговараме со Јана Димитриевска, студент на Академијата за Човечки ресурси. Во продолжение прочитајте за нејзината одлука да се запише и какво е нејзиното искуство со Академијата. За почеток кажете ни нешто за Вас? Што работите? Пред да започнам со едукацијата на Академијата за Човечки ресурси во Creative Hub работев како училишен психолог […]
HR student - Jana
07.13.2022

Во денешното интервју разговараме со Јана Димитриевска, студент на Академијата за Човечки ресурси. Во продолжение прочитајте за нејзината одлука да се запише и какво е нејзиното искуство со Академијата.

За почеток кажете ни нешто за Вас? Што работите?

Пред да започнам со едукацијата на Академијата за Човечки ресурси во Creative Hub работев како училишен психолог во Yahya Kemal College во Скопје. Долго време работев и во Здружението за дислексија Ајнштајн како психолог и проектен координатор.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

 Во моментов започнувам со промена на мојата кариера како office administrator во IT компанијата CodeVix Global Solutions. Како голем предизвик ми беше да разберам како функционира целиот процес на регрутација и селекција. Но и желбата да сум во потрага по нов предизвик и нова работа. Работа која што ќе биде динамична, ќе ме исполнува каде што би можела да функционирам без стрес.

Last Minute na HR Akademija

Искористи ја Last Minute понудата!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата?

 Покрај желбата за промена на мојата кариера, пред Академијата имав основни познавања од концептот на организациска психологија. Академијата за човечки ресурси ја видов како шанса да ги надградам моите познавања, односно како една мотивација за да се запишам во Creative Hub. 

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Од досегашните предавања сум неизмерно задоволна. Ние како студенти имаме интерактивни предавања и огромна поддршка од предавачите кои мене лично ми се голем мотиватор. Пренесувајќи го нивното искуство како доказ дека може да се успее на секое кариерно поле во животот доколку навистина го сакаш она што го работиш.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

 Претходно немам посетувано други Академии иако сум се едуцирала преку формално и неформално образование. Ваков тип на Академија ми е прва во моето едукативно искуство и доколку би бирала повторно би ги избрала Creative Hub.

Last Minute na HR Akademija

Искористи ја Lat Minute понудата!

Дали би го препорачале Creative Hub на Ваши пријатели?

Со задоволство ги препорачувам како алтернатива за размислување на секој кој што сака да си го надгради своето знаење или пак сака да промени професија.

За сите оние кои размислуваат за кариера во областа на човечки ресурси, спремивме Last Minute понуда за запишување на Академија. Оваа понуда важи само до 22ри јули. Побрзајте за да ја искористите оваа можност.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга Employer Branding која може да ја симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This