Во денешното интервју запознајте се со Сања Лазова, студент на HR Академијата. Проследете го целосното интервју за да дознаете повеќе за нејзината мотивација да се запише на Академијата, за искуството со досегашните предавања и зошто го избра Creative Hub.
Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?
Јас сум Сања, Магистер по осигурување, вработена како продажен асистент веќе дванаесет години, како и студент на HR Академијата на Creative Hub.
Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?
Работата што ја работам и сега ме исполнува затоа што е и креативна и динамична. Меѓутоа желбата да ги совладам финансиските вештини, желбата за изучување на меѓусебната интеракција на повисоко ниво и секако изучување на човечките ресурси од еден поинаков аспект.
Која беше Вашата мотивација да се запишете на Академијата за Човечки ресурси?
Сакајќи да излезам од комфорната зона, а и самата желба за надоградување на моите знаења, а искрено и желбата за напредување во работната средина, ми беа доволен поттик да се запишам на Академија за Човечки ресурси.
Како сте задоволни од досегашните предавања?
Предавањата на Академијата за Човечки ресурси се доста интересни, интерактивни и инспиративни. Досега имавме можност да слушаме три модула. Ги запознавме Стефан и Елка, Стефан ви е како Пандорината кутија, а Елка не можеш а да не ја обожаваш, во начинот на кој ни го пренесува финансиското работење во човечки ресурси.
Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?
Предавачите, преку онлајн предавањата, исцрпно се трудат да ни го пренесат нивното знаење преку теорија и практични вежби. На крајот од секој модул изработуваме проекти и финални задачи преку кој можеме да видиме што сме совладале. Не мотивираат и инспирираат за понатамошна работа, односно HR како идна наша професија.
Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?
Претходно не сум имала можност да посетувам други Академии. Желба ми беше доколку посетувам еден ден тоа да биде поврзано односи со јавноста или човечки ресурси. Затоа што работата со луѓе, комуникацијата и меѓусебната интеракција е она што ме исполнува.
Пред да се одлучам за Creative Hub, разгледував и други опции. Меѓутоа пресуден момент ми беше достапноста на целиот тим од Creative Hub. Како и стручноста на предавачите, којшто се целосно фокусирани на нас во текот на предавањата, а и достапни за се она што сакаме да прашаме.
Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?
Академијата за Човечки ресурси ја избрав затоа што е една креативна, иновативна и секако интерактивна Академија. Академија којашто заедно со нејзиниот тим и предавачите, се трудат максимално да ни го пренесат знаењето, како би се стекнале со потребните вештини. Секако дека би го препорачала Creative Hub на секој што сака да се усовршува или да започне нова кариера.
За сите оние кои размислуваат за кариера во областа на човечки ресурси, спремивме Last Minute понуда за запишување на Академија. Оваа понуда важи до 15ти септември.
За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.
Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга Employer Branding која може да ја симнете на следниов линк.
За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.