Во денешниот блог пост ќе споделиме со Вас кои се нашите нови дипломирани студенти на HR Академијата и каков проект изработија тие. Прочитајте го целиот блог пост. Изненадувањето е на крај…
Во петокот во “Форца Бар” направивме Afterwork HR дружба со студентите на Академијата за човечки ресурси по повод нивното дипломирање во септември.
Дружбите со секоја група ни се посебни, бидејќи симболизираат триумф на еден период на учење, работа и стекнување вештини со нова професија.
Кои се студентите што дипломираа на HR Академија?
Нашите нови дипломирани студенти на HR Академијата се Соња, Јана, Даниела, Милица, Сања, Бојана, Мила, Перо , Милена, Симона, Мери, Симона и Моника. Им честитаме на успешно завршена Академија за човечки ресурси!
Финален проект
Како финална презентација студентите изработија Онбординг план, а за финалниот проект добија бриф за целосна HR стратегија за компанија каде до овој момент не постоел оддел за човечки ресурси.
Изработка на стратешки HR план
Студентите имаа задача да изработат 10 страни HR стратешки план за компанија со нови вработени која ќе вклучи стратегија за регрутација и селекција со предлог буџет за истата. Да објаснат како ќе постават процес на мерење на учинокот (перформанс менаџмент), да спремат план за кариерен пат, програма за обука. Начин на како да се измери задоволството на вработените, како и да дадат примери за хибриден начин на тим билдинг.
Студенти на Fast-track програмата
Гордо сакаме да кажеме дека оваа група имавме и две студентки Соња и Бојана кои беа дел од Забрзаната (Fast-track) програма и се стекнаа со Американска SHRM диплома и со ЕКТС сертификат.
Сертификација од МОН
Од овој септември, нашата Академија е сертифицирана и од Министерство за Образование и наука. A дипломираните се стекнуваат со титула специјалист за човечки ресруси.
Оваа недела имаме специјална понуда за Вас, ваучер од 300 ЕУР доколку одлучите да се регистрирате за Академијата за човечки ресурси денес!
За регистрација потребно е да потпишете договор за новата група во ноември и да уплатите прва рата.
За да се пријавите кликнете на следниов линк.