fbpx

Академијата им ја препорачувам и на оние кои сакаат кариерна промена и на оние кои сакаат да се пронајдат себеси

Денес разговараме со еден од најмладите студенти на UX UI Академија, Александар Мазнев. Во UX UI навлегол поради креативноста, а најомилен дел од предавањата му се токму фидбек сесиите на крајот на секој час. Прочитајте го интервјуто за нашиот UX UI студент на неделата и дознајте повеќе за искуствата на UX UI Академијата.   Работам […]
ux ui akademija
08.29.2023
Денес разговараме со еден од најмладите студенти на UX UI Академија, Александар Мазнев. Во UX UI навлегол поради креативноста, а најомилен дел од предавањата му се токму фидбек сесиите на крајот на секој час. Прочитајте го интервјуто за нашиот UX UI студент на неделата и дознајте повеќе за искуствата на UX UI Академијата.

 

Работам во ИТ, а UX UI Академија избрав поради желбата да креирам и дизајнирам веб страни 

Creative Hub: Александар ти веќе работиш во ИТ компанија, со тоа што имаш голема пасија за УХ/УИ. Како ја откри оваа пасија, и дали академијата ти помогна во развивање на истата?

Александар: Уште пред да се вработам во ИТ компанијата, каде моментално работам, подолг временски период бев навлезен во светот на УХ/УИ. Кај мене, од секогаш била присутна желбата да креирам и дизајнирам веб страници со уникатен кориснички интерфејс и да ја прикажувам мојата креативност низ нив. Академијата дефинтивно, ми помогна во зголемувањето на пасијата, бидејќи во првите месеци, се запознав со многу уникатни тематики и трендови кои ја прикажуваат важноста на УХ/УИ.

 

Не постојат доволно зборови за да ја опишам автентичноста и посветеноста на менторот, Деки ( Дејан Зафировски )

Creative Hub: Како би го опишал Деки како ментор?

Александар: Пред сѐ, не постојат доволно зборови со кои би можел да го опишам Деки. Можам да напишам огромен реферат за него не само како ментор, но и како личност, меѓу тоа ќе пробам да ја доловам неговата важност низ неколку реченици. Со Деки, за прв пат се запознавме на првиот час од Академијата, кој се оддржа во живо. Ми остави многу позитивен впечаток, бидејќи уште од самиот старт, почна со предавања, и на многу креативен, интерактивен и артистички начин ни ја пренесеуваше неговата ескпертиза од сферата на УХ/УИ. Неговата посветеност, желбата да не научи на многу нови трендови и области од УХ/УИ  не само мене, туку и остантатите студенти, е толку автентична што, мене лично ми помага ефективно и квалитетно да се изградувам не само како УХ/УИ дизајнер, туку и како личност. 

 

На вежбање на материјата секојдневно посветувам неколку часа 

Creative Hub: Колку време посветуваш надвор од часовите за вежбање на материјата?

Александар: Секојдневно, посветувам неколку часа, за време на кои ги прегледувам снимките од предавањата, презентациите кои Деки ги подготвува и секако, работам  на задачите и проектите. Сите задачи на кои имам работено до сега, ми беа толку многу креативни и интересни, при што уживав да работам со часови, а за некои од нив знаев дури и да работам до доцните утрински часови, нормално на моја лична иницијатива.

 

Немав некој предизвик на Академијата бидејќи од самиот старт бев посветен и решен да бидам успешен

Creative Hub: Кој ти беше најголем предизвик досега на Aкадемијата?

Александар: Искрено немав предизвици на Академијата досега, бидејќи уште од самиот старт си бев посветен, адаптибилен и решен да бидам успешен во иднина во сферата на УХ/УИ.

 

Најомилен дел од часовите ми е крајот кога добиваме индивидуален фидбек од предавачот

Creative Hub:Кој ти беше најомилен дел од часовите?

Александар: Не би можел да изберам бидејќи секој дел од часовите си беше посебен, предавањата, вежбите, проектите. Меѓутоа, од огромно значење ми беше тоа што на крајот од секој час, Деки ги проверуваше задачите на сите студенти и при што  добивавме коментари, совети за тоа што може да подобриме и како да подобриме. Сите совети кои ги имам добивано од Деки, преку домашните задачи ги применувам и морам да напоменам дека многу ми помогнаа во мојот напредок од почетокот па сѐ до сега.

 

По завршувањето на Академијата би го променил секторот каде што работам во UX UI

Creative Hub: Што по завршување на UX UI Академијата?

Александар: Многу интересно прашање, на кое би можел да дадам безброј одговори, меѓу тоа моментално, како што напоменавте на почетокот дека сум вработен во ИТ Компанија, во која сум многу задоволен и би сакал да работам подолг временски период, нормално со желба за понатаму, да започнам да работам како UX UI  дизјанер во истата. 

 

 

Академијата им ја препорачувам и на оние кои сакаат кариерна промена и на оние кои сакаат да се пронајдат себеси

Creative Hub: Дали би ја препорачал Академијата за UX UI  на секој оној кој што сака да се запише?

Александар: Академијата за UX UI  топло им ја препорачувам на сите, нѐ само на оние кои што се заинтересирани и сакаат да ја следат личната пасијата за UX UI , туки и за оние кои сакаат да направат кариерна промена и најважно од сѐ, да се пронајдат како личности.

 

За да се информираш подетално за програмата на UX UI Академија како и да добиеш бесплатно видео од воведниот курс во UX UI регистрирај се на нашата веб страна или пиши ни на contact@creativehub.mk

За да се запишеш на Академија побарај не на 071 214 849.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This