Интервју со Валон Ибраими – предавач на Академијата за Дигитален маркетинг

Предавач по ПР на Академијата за Дигитален маркетинг, ентузијаст за креативни работи и новии технологии и истовремено екстровертен човек кој сака да комуницира со луѓе – Валон Ибраими. За себе вели дека комуникацијата со луѓе му е на прво место и му помага во работата во која ужива – маркетинг и ПР.  Низ нашиот разговор ни […]
Валон Ибраими - предавач на Академијата за Дигитален маркетинг
04.27.2021

Предавач по ПР на Академијата за Дигитален маркетинг, ентузијаст за креативни работи и новии технологии и истовремено екстровертен човек кој сака да комуницира со луѓе – Валон Ибраими.

За себе вели дека комуникацијата со луѓе му е на прво место и му помага во работата во која ужива – маркетинг и ПР. 

Низ нашиот разговор ни откри дека маркетингот е поврзан со психологијата и дека колку подобро можете да ги разберете луѓето и нивните потреби толку поуспешни комуникации и проекти ќе направите. Ни откри и како е да се биде предавач, зошто Creative Hub и кој е неговиот професионален ангажман.

За почеток, кој е Валон? Како се опишувате себеси?

Ентузијаст за креативни работи и нови технологии, екстровертен, сакам да комуницирам со луѓе, бидејќи сметам дека секој контакт е можност нешто ново да се научи, а тоа и најмногу ми помага во работата што уживам да ја работам, маркетингот и ПР.

Кој е Вашиот професионален ангажман?

Веќе 14 години работам во областа на маркетингот и комуникации. Имав среќа да започнам кариера во една од најдобрите компании кај нас Telecom Austria (сега А1). Благодарение на нејзе останав 4 години во секторот маркетинг. Можам да кажам дека таму буквално ги научив основите на функционирање и работа на маркетингот. Секако, и каде го добив потребното практичното знаење за работа.

После двете корпоративни искуства продолжив да работам во New Moment маркетинг агенција. Бев проект менаџер за брендот Opel за Македонија, Косово и Албанија. 

New Moment e oдлична креативна средина, искуството и работата тука ми овозможија да добијам повик да стекнам интернационално искуство и 2 години да бидам дел од Sholz and Friends. Тоа е една од најеминентните маркетинг и ПР агенции во Германија. Таму каде ангажиран како менаџер за интернационална кординација за брендот Opel. 

Тоа беше неверојатно професионално искуство и после враќањето дома (стилот на живеење во Германија, не е баш за мене) во New Moment се основа сектор за дигитален маркетинг. Со секторот раководев последните 3 години, со тим составен од млади ентузијасти за технологии и крерирање нови содржини.

Пр-от и комуникациите ме следеа насекаде во моите работни обврск. Тоа и сега го работам како консултант, а истовремено работам на креативни проекти и тв содржини од едукуативен карактер за деца, како продуцент, и маркетинг и пр директор.

Вие сте предавач на Академијата но никогаш немате посочено зошто баш Creative Hub?

Првиот пат, кога добив можност да бидам гостин предавач на вашата Академија, добив впечаток дека пристапот кој што го имате со вашите предавачи и студенти е уникатен и за поздравување. Како предавач ја поздравувам слободата дадена од ваша страна да се адаптира стилот на предавања зависно од потребите на вашите студенти. Истите морам да ги пофалам дека се доста проактивни. Студентите го прифаќаат пристапот на предавање заснован на практични примери, што е многу битно за нив и нивниот понатамошен развој.

Дали може да ни го објасните Вашиот предмет – PR?

Секако, ќе се обидам многу прецизно и концизно – Пр-от во суштина е секое однесување, делување, комуникација што одредена организација, компанија или индивидуалец ја прави во однос на крајните корисници –општата јавност, или клиенти. Секоја од овие работи директно влијае во креирање на перцепцијата за организациите кај луѓето. Во самиот предмет учиме како да се унапредиме во сите овие делови за да искреиrаме и генерираме што подoбра претстава за нашата организација, компанија во јавноста.

Kако се спроведува практичната работа по предметот PR?

Преку практични примери (case studies), на реални проекти. Тоа воглавно е најдобриот начин да се укажат добрите и лошите страни на Пр-от. Секое искуство не учи на нешто ново, а на студентиtе им укажувам преку примери од моето искуство но и преку многу други примери, како одредени активности или ситуации биле решени и кои исксутва треба да се применат, а тие не толку добрите како да се подобрат, и какви резултати сите тие активности произвеле во перцепцијата на јавноста.

Како на нашите студенти би им помогнал предметот PR?

Освен базичните теоретски објаснувања, на кои посветуваме помал дел од времето, предметот ПР би им помогнал да го зголемат нивниот диапазон на знаeње преку укажување како одредени компании или индивидуи реагирале на различни пр ситуации и како тоа го решиле во пракса. Преку предавањата се обидувам да внесам дополнителна вредност и конкретно прегледување на сите пр фази кога започнуваме со нов проект и реализација на истите.

Накратко, што е потребно за еден успешен PR plan?

Пред се детална анализа и истражување за проектот кој го започнуваме. Како што погоре напоменав, мора да се обидеме да ги сознаеме потребите на луѓето, нивните ставови, гледишта на работите. Тоа е главниот предуслов за да искреираме успешна пр стратегија и камапња, бидејќи комуникацијата што ќе ја изработиме мора да биде јасна и добро прифатена од сите. Исто така да се осврнеме на сите негативни коментари и ситуации што можат да произлезат од тоа. Секако да посветиме доволно внимание како би ги неутрализирале истите, уште во фазата на подготовка на стратегијата.

Дали студентите се соочуваат со предизвици по предметот?

Студените пред се покажуваат огромен интерес за предавањата и многу сум задоволен од нивниот пристап. Па така, во однос на задачите, заеднички работиме и преку интеракција и дебата сите поставени предизвици заедно ги решаваме. 

Кој бил најголем предизвик до сега и како тие успешно го совладале?

Општо кажано, за секој пр специјалист главен предизвик е решавање на кризни ситуации односно кризен ПР.

Може ли да издвоите нешто интересно што Ви се случило за време на часовите?

Бидејќи работиме на реални задачи кои претходно се случиле, имаше ситуација кога од студентите добив решение кое што беше многу слично на тоа како вистински таа ситуација била решена. Тоа за мене лично е доказ дека работам со група на студенти, кои вистински се посветуваат на предавањата. Тоа докажува и дека се што е објаснето на претходните часови, тие знаат практично да го применат.

Дали како предавач, имате порака до сите сегашни но и идни студенти?

Да бидат секогаш љубопитни, да бидат слободни секогаш во искажувањето на нивните идеи. Да запаметат дека не постои неупотреблива идеја. Од секоја идеја може нешто да се извлече и тоа да прерасне во добра приказна или реалзиран проект.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This