fbpx

Инженер со soft skills за UX/UI дизајн

Мила Стојковиќ студент на Академијата за UX/UI дизајн е дипломиран електро инженер со 6-годишно работно искуство во струката. По 6 години работење во таа област сфатила дека тоа повеќе не ја исполнува и не се пронаоѓа, па посакала да ја промени кариерата. Поседувањето на креативност и soft skills кои ги стекнала во сегашната професија ја […]
Академијата за UX/UI дизајн
03.27.2023

Мила Стојковиќ студент на Академијата за UX/UI дизајн е дипломиран електро инженер со 6-годишно работно искуство во струката. По 6 години работење во таа област сфатила дека тоа повеќе не ја исполнува и не се пронаоѓа, па посакала да ја промени кариерата. Поседувањето на креативност и soft skills кои ги стекнала во сегашната професија ја поттикнале да се одлучи за Академија за UX/UI дизајн.

Tаа го следела бесплатниот курс со Иле и Александра- Вовед во UX/UI и се уверила дека дефинитивно UX/UI дизајн е вистинската професија за неа, а Creative Hub бил нејзиниот избор.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за UX/UI дизајн започнуваат на 03.04.2023⚠️

   Аплицирај за 300€ попуст овде 📌

Попуст

Во прилог прочитајте го интервјуто со Мила.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!
Мила: Јас сум дипломиран електро инженер со 6-годишно работно искуство во струката. Имам работено како инженер за продажба, продукт инженер а моментално работам како инженер за надзор во градежна компанија.
Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за UX/UI?
Мила: На Академијата се запишав поради тоа што сакам да ја променам кариерата. Не се пронаоѓам во струката во која работам, ми фали креативност која што знам дека ја поседувам а не можам да ја искажам со мојата професија, како и работа со луѓе на моја возраст и слични размислувања.
Creative Hub: Што ја издвојува UX/UI професијата за разлика од другите?

Мила: Професијата како UX/UI дизајнер според мене ти дозволува да ја разбудиш креативноста во себе и професионално да напредуваш. Самото креирање продукти кои го олеснуваат искуството на корисниците и нивниот позитивен фидбек, ти причинува некое задоволство и мотивација да продолжиш да го правиш тоа што го правиш.

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Мила: Да, отприлика месец, месец и половина истражував неколку академии за графички дизајн, софтвер тестинг и UX/UI дизајн. Земајќи ги во предвид вештините особено soft skills вештините што ги стекнав поради природата на професијата која ја работам, се одлучив за Академијата за UX/UI дизајн.
Creative Hub: Дали го следевте бесплатниот курс со Александра и Иле – Вовед во UX/UI? Доколку “Да“, тогаш каков впечаток Ви остави?
Мила: Да, го следев и уште повеќе се уверив дека сум ја одбрала правата Академија за моите потреби.
Creative Hub: Веќе 4 месеци сте дел од Академијата, ги поминавте модулите за Photoshop, Illustrator и UX. Што успеавте да научите, кој модул ви беше најинтересен?
Мила: Најинтересен ми беше модулот за UX, поточно модулите за competitive analysis и user interviews, како и сортирање на податоците добиени од истражувањата. Сметам дека овие чекори се најбитни во креирање на дигитален продукт.
Creative Hub: Каков фидбек имате за менторот Иле?

Мила: Иле е супер предавач, често споделува лични искуства и ситуации и на тој начин некако те припрема за она што те очекува како дизајнер.

Creative Hub: Какви проекти работевте по UX?
Мила: Проектите што ги работиме на UX модулот се наши сопствени идеи за апликации кои би сакале да ги дизајнираме. Мојата идеја е апликација за полесно наоѓање мајстори за реновирање на домот. Идејата произлезе од лично искуство и по направено истражување, како дел од UX процесот на креирање на продуктот, сфатив дека дефинитвно е потребна ваква апликација во нашата држава а и пошироко.
Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?
Мила: Со оглед на тоа што моментално работам во сосема различна струка, познавам малку IT компании, па се надевам дека преку програмата за вработување ќе дознаам повеќе за такви компании кои бараат дизајнери и на тој начин ќе можам полесно да се вработам. Исто така се надевам дека на програмата ќе научам како да си го направам своето портфолио и CV впечатливо за работодавците.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за UX/UI на некој друг?
Мила: Да, секако би ја препорачала.
Дали и ти поседуваш soft skills што ќе ти помогнат да се изградиш како успешен UX/UI дизајнер?

Студентите на Академијата за UX/UI дизајн учат и ги унапредуваат своите вештини преку работа на реални проекти. На кои проекти работат студентите во текот на Академијата?

4 Реални проекти

По завршувањето на секој модул студентите работат реален проект. Во прилог листа на сите реални проекти кои се работат на Академијата.

Практичен проект 1

Визитинг предавање: Figma Работилница

Практичен проект 2

Визитинг предавање: Како да изградиш профил на Upwork и да започнеш со аплицирање?

Практичен проект 3

Реален проект: Хакатон со студентите од Фронт-енд Академија

Практичен проект 4

Реален проект: Landing Page Хакатон со дигитална маркетинг агенција

Информирај се повеќе за програмата на 071 214 849 или закажи онлајн состанок ↙️

Закажи Online Состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This