fbpx

“Искуства и предизвици во кариерата како QA Engineer…” –Интервју со Александар Давидовски

Во рамките на овој настан, денес разговараме со Александар Давидовски, Senior QA Engineer во компанијата Metergram. Чест и задоволство ни е што токму тој ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на ( 14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која тој и останатите панелисти ќе […]
05.11.2024

Во рамките на овој настан, денес разговараме со Александар Давидовски, Senior QA Engineer во компанијата Metergram. Чест и задоволство ни е што токму тој ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на ( 14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која тој и останатите панелисти ќе зборуваат е „Како до успешна кариера во софтвер тестинг?“.

 

 

CH: Кажете ни малку повеќе за вас? Кој е Александар?

Александар: Здраво, моето име е Александар Давидовски, дипломиран Инженер по Информатика, моментално вработен на позицијата "Senior QA Engineer" во компанијата Метерграм. За време на мојата кариера која што е повеќе од 7 години во областа на компјутерските науки и софтверското тестирање се стекнав со голем број на вештини и знаење од оваа област.

Мојата страст кон квалитетот и секојдневното усовршување е тоа што постојано ме мотивира за да го дадам најдоброто од себе во сето она што го работам.

 

CH: Што ве поттикна да одберете кариера во областа на софтверското тестирање?

Александар: Мојата одлука за да одберам кариера во областа на софтверското тестирање започна некако спонтатно, иако во ИТ областа сум уште од моето средно образование. Почетоците ми беа како Oracle девелопер, но набргу подоцна се насочив кон софтверското тестирање, најмногу затоа што имав голема желба за обезбедување квалитетен производ и секогаш посакував да пронаоѓам начини како можам да предизвикам проблем што не бил предвиден при развојот на софтверот.

Исто така, големо влијание врз мојата одлука имаше и желбата за постојано учење и напредок во мојата кариера, како и брзиот напредок на технологиите. Како QA инженери, имаме можност да се усовршуваме и да се прилагодуваме на нови технологии, што ни овозможува да бидеме во тек со најновите трендови и иновации во оваа област.

 

CH: Кои се вашите најголеми предизвици и најголеми успеси како софтверски тестер?

Александар: Во текот на мојата кариера се имам соочено со голем број на предизвици, а би можел да ги набројам следниве: пронаоѓање на критични проблеми, баланс помеѓу рокови и квалитет и технолошки напредок, додека во најголеми успеси би ја вклучил можноста да работам во компании коишто работат на различни и напредни технологии со што моето знаење и искуство постојано напредуваше.

 

CH: Кои се вашите омилени алатки или техники за тестирање на софтвер?

Александар: Да бидам искрен немам некои омилени алатки или техники за тестирање, но би ги издвоил од алатки Postman, Datadog, Microsoft Azure и K6 а од техники би ги издвоил BE automation, функционално, перформанс, API тестирање и мониторинг на перформанси на систем.

 

CH: Кој е вашиот омилен дел од работата како софтверски тестер?

Александар: Најомилен дел од мојата работа е постојаната разновидност на нашите задачи и предизвици со кои што се соочуваме секојдневно.

Работејќи во тимови со различни големини и со голем број на искусни колеги ни овозможува да споделуваме различни искуства и да учиме нови нешта кои што би ги применувале понатаму.

 

CH: Кои се најважните карактеристики или вештини кои ги имате како софтверски тестер и воедно кои карактеристики треба да ги поседува еден софтвер тестер?

Александар: Едни од најважните карактеристики и вештини кои сметам дека ги поседувам, а вооедно и сметам дека се најважни да се поседуваат се: одлични аналитички способности, внимание на детали, познавање на методологии, организациски вештини, техничко знаење, проактивност, “тимски играч”, способност за решавање на проблеми итн.

 

CH: Кои се вашите цели или амбиции во областа на софтверското тестирање?

Александар: Најважни цели според мене кои што би сакал да ги споменам се: фокусот за континуирано подобрување на квалитетот на софтверот, постојаната блиска соработка со целиот тим, желбата за постојан развој и континуирано учење, подобрување на техничките вештини со што овозможуваме побрзо лоцирање на проблемите во софтверот и се грижиме за гарантирано квалитетно изработен софтвер.

 

CH: Како изгледа еден ден во животот на софтвер тестер?

Александар: Еден ден во животот на QA инженер може да варира во зависност од проектот, тимот или пак од компанијата во која што работиме. Генерално денот се состои од утрински состаноци на кои што присуствува целиот тим познати како “Daily Stand-ups” на кои што се споделуваат информации за работата од претходниот ден, план за работа во тековниот ден а исто така се споделуваат и одредени проблеми кои што ја блокираат нашата работа доколку има такви.

По состаноците се враќаме на нашите обврски и задачи, продолжуваме со тестирања, креирања планови итн. анализа доколку е потребно да се даде предност на одредени задачи, оддржуваме постојана комуникација со членовите од тимот се со цел навремено и ефикасно завршување на нашите обврски.

 

CH: На 14-ти април ќе ни бидете и панелист на претстојниот настан организиран од Академијата за Софтвер Тестинг. Што ќе можат да слушнат гостите од вас?

Александар: Најпрво, благодарам за поканата да бидам панелист на вашиот настан. На овој настан гостите ќе имаат можност да слушнат за искуства и предизвици од мојата кариера, како изгледа еден работен ден на QA Engineer и со кои се предизвици се соочуваме секојдневно. Исто така, ќе поразговараме и за важноста на нашата професија и како да се постигне што поголем напредок во професијата.

 

Придружини се и биди дел од настанот кој ќе се одржи на 14.05 (Вторник) во Netaville со почеток од 19:00 часот.
➡️ Регистрирај се тука !

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This