fbpx

Истражување: Разлика од freelance графички дизајнер до графички дизајнер во агенција

Не е тајна дека "графички дизајнер" е професија која е една од најбараните но и најплатените во светот. Сето тоа се должи на брзото развивање на tech индустријата и потребата за професионални услуги кои можат да бидат обезбедени само од графичките дизајнери.
Разлика од freelance графички дизајнер до графички дизајнер во агенција
04.23.2021

Не е тајна дека “графички дизајнер” е професија која е една од најбараните но и најплатените во светот. Сето тоа се должи на брзото развивање на tech индустријата и потребата за професионални услуги кои можат да бидат обезбедени само од графичките дизајнери.

Графичките дизајнери на почетокот па и низ текот на нивното работење секогаш имаат две опции за креирање на графички решенија. Првата е да бидат ангажирани како freelance графички дизајнер а втората е да се вработат како графички дизајнер во агенција.

Многу графички дизајнери прават инстантна одлука на почетокот и одбираат само едно од можностите. Но, постојат и дизајнери кои истовремено ги играат и двете улоги.

Што е разликата? Што е подобро а што полошо? Дали и двете улоги или пак само една?

Како тим решивме да направиме едно кратко истражување за да добиеме одговор на сите горенаведени прашања. Сепак, ние сме центар за неформално образование кој нуди Академија за графички дизајн. Ние имаме одговорност кон нашите студенти и сакаме секогаш да го сугерираме најдоброто за нив. 

Интересно е што и двете опции имаат свои придобивки и недостатоци.

Нашето истражување го започнавме со графички дизајнери вработени во маркетинг агенција. Кога доаѓаш да работиш во маркетинг агенција ти си обезбеден со најважното нешто – клиенти. Да, и комуникацијата со истите е преку менаџер. Ти немаш директен контакт со нив и ги добиваш информациите, критиките па и пофалбите од втора рака. Испитаниците се поделени дали оваа одлика е негативна или пак позитивна. 

Втората придобивка која ја забележавме кај оваа опција е тимската работа. Кога работиш во маркетинг агенција секогаш имаш тим позади тебе. На пример ако проектот не е успешен тимот ќе застане зад тебе и ќе ти помогне а ако ти фали мотивација или пак инспирација секогаш ќе имаш некого за разговор и помош при истражување.

Одговорноста при работење во маркетинг агенција е голема но не толку многу како што е кога си freelance. Внесувањето и посветеноста кон еден проект зависи од буџетот на клиентот а буџетот не го одбираш дирекно ти туку твојот менаџер. 

Ајде да видиме каква е процедурата кога станува збор за freelance графички дизајнер. 

Како freelance графички дизајнер, ти сам си го менаџираш работното време, одморот, бројот на клиенти и типот на проекти на кои сакаш да работиш. Секако, треба да бидеш член и на една од најголемите платформи за онлајн работење, Fiverr или Upwork. Одговорноста во оваа опција е далеку поголема затоа што од почеток до крај се зависи од тебе.

Треба да имаш способност и знаење во сферата на менаџирање со своето сопствено време (time management), комуникација (голем дел од soft skills) и презентација на себе си и своите проектите. 

На почеток, ти немаш клиенти, за разлика од графичките дизајнери во маркетинг агенциите, и треба ти да бидеш оној кој ќе даде се од себе за да се продаде и обезбеди проекти на кои сака да работи. 

И во оваа опција е присутна конкуренцијата но таа е на многу повисоко ниво на интензитет бидејќи ти дирекно се изложуваш и натпреваруваш за проектот со своите конкуренти. 

Понекогаш приходите за  freelance графичките дизајнери можат да бидат предизвик, бидејќи колку приходи ќе имаш месечно зависи од тебе или од проектите кои ќе ти бидат назначени. 

Од нашето истражување може да заклучиме дека и двете опции се прифатливи и имаат подеднакво и придобивки и недостатоци. Што ќе одбереш зависи целосно од тебе, твојата посветеност, време и секако цели во животот.

Секако, ние сме тука да ти помогнеме и да ти ги обезбедиме вештините за да почнеш кариера во еден од најплатените сектори во светот. Исто, со нас стануваш и член на првиот форум за графички дизајн во нашата држава.

Уписите се во тек. Новата група започнува на 10.05, пријави се тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This