fbpx

Изгради кариера со Академија за дигитален маркетинг

Академија за дигитален маркетинг нуди можности за оние кои сакаат да изградат кариера во областа на маркетингот.
академија за дигитален маркетинг
01.22.2021

Интервју со Стојанчо и Наталија, успешен пар кој посетува Академија за дигитален маркетинг

Разговараме со Стојанчо Новаковски и Наталија Пандилова, пар кој заедно посетува Академија за дигитален маркетинг. Од нив дознаваме зошто ја одбрале оваа Академија и како се задоволни од неа. Дигиталниот маркетинг е и повеќе од потребен за еден бизнис да успее. Оваа Академија е погодна за секој кој сака да започне кариера во областа на маркетингот или има свој бизнис, кој сака сам да го промовира. Нашите студенти, Стојанчо и Наталија ги искажаа нивните мислења за важноста на дигиталниот маркетинг. Прочитајте дали ја донеле правилната одлука со тоа што се запишале на оваа Академија.

Како нашите студенти напредуваат и градат кариера со помош на Академија за дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е иднината на секој бизнис

Creative Hub: Стојанчо и Наталија, Вие сте еден пар кој заедно присуствува на Академијата за дигитален маркетинг. Зошто мислите дека е важен дигиталниот маркетинг и која е неговата примена?

Стојанчо и Наталија: Дигиталниот маркетинг е иднината на секој бизнис, од локално, па сè до светско ниво. Неговата примена е есенцијална за одредени услуги или производи успешно да бидат пласирани на конкурентниот пазар. Дигиталниот маркетинг е динамична алатка која дава брзи резултати и темелни анализи кои лесно се следат со помош на денешната технологија. Понекогаш дигиталниот маркетинг може да донесе подобар успех отколку самиот квалитет на производот.

Creative Hub: Колку сте задоволни од досегашните предмети на Академијата и што можете да ни кажете за предавачите на истата?

Стојанчо и Наталија:  Премногу сме задоволни од предметите што досега ги поминавме.  Академијата ни овозможува да напредуваме во областа на маркетингот и да ја развиваме  нашата кариера. Предавачите, исто така, се навистина професионалци во својата професија. Секој од нив има свој уникатен стил на предавање.  Сите професори ни стојат на располагање на студентите од Академијата.

Creative Hub: Дали успевате успешно да бидете вклучени на сите предавања, со оглед на тоа што се онлајн?

Стојанчо и Наталија: Да, успешно ја следиме наставата и покрај тоа што предавањата се одржуваат онлајн. Всушност, голема придобивка е тоа што секое предавање се снима и по завршувањето на секое предавање, ние ги добиваме видеата во најбрз можен рок, со што дополнително ни се олеснува вежбањето на материјалите. Иако, поради добропознатата ситуација, не можеме да ги следиме предавањата во Академијата, тимот на Creative Hub  е професионален. Упешно успева да ги реализира онлајн часовите.

 

Академијата за дигитален маркетинг нуди многу можности

Creative Hub:  Дали сте задоволни од вашиот напредок во текот на Академијата, и дали би ја препорачале Академијата на секој кој се размислува дали да биде дел од неа?

Стојанчо и Наталија: Засега сме задоволни од сопствениот напредок, и двајцата стекнавме нови знаења и вештини, но, секако, потребно е да се вложи труд и време доколку сакаме да се усовршиме во овој домен. Секој кој сака да напредува и работи константно, може да успее.Топло ја препорачуваме Академијата, не само на оние кои се двоумат дали да се запишат на Академија за дигитален маркетинг, туку и на сите оние кои сакаат да си ја променат професијата. Тие кои сакаат да научат нешто ново. И за оние што сакат да го подобрат сопствениот бизнис или да работат во секторот за дигитален маркетинг.

Да сумираме…

Зошто дигиталниот маркетинг е решението за успешен бизнис?

Дигиталниот маркетинг може многу позитивно да влијае на еден бизнис. Сите што сакаат да го промовираат сопствениот бизнис или да изградат кариера во оваа област, ја препорачуваме Академијата за дигитален маркетинг. Со секое предавање следат и голем број домашни задачи. Се работи и на реални проекти, од кои студентите учат како да се справуваат со предизвиците кои ги има дигиталниот маркетинг.

Дигиталниот маркетинг нуди многу можности за кариера каде може да ја искажете вашата креативност и да користите вашите знаења секојдневно на различни проекти. Да го подобрите сопствениот бизнис или да работите онлајн на freelance платформите. Creative Hub гарантира успех за сите оние кои сакаат да се надоградуваат или целосно да ја променат својата кариера.

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This