fbpx

Како да го мотивираш својот тим?

Оваа недела, тимот на Creative Hub ја посветува на тебе и твојот тим. До сега креиравме неколку различни статии за да ви помогнеме во процесот на зголемување на продуктивноста.
Како да го мотивираш својот тим?
04.16.2021

Оваа недела, тимот на Creative Hub ја посветува на тебе и твојот тим. До сега креиравме неколку различни статии за да ви помогнеме во процесот на зголемување на продуктивноста.

Зборувавме за правилно менаџирање со времето и дадовме неколку искрени совети за креирање на портфолио. Ни остана уште една тема без која претходните две не би имале смисла – мотивација. 

Мотивација – движечки фактор за подготвеност во исполнување на зададените цели и активности кај секој тим. 

Признание за добро сработени задачи

Еден од најважните фактори за зголемување на мотивацијата е признанието за добро завршена работа. Едно истражување во Сан Франциско покажало дека дури 70 проценти од вработените изјавиле дека нивната мотивација и морал се зголемиле по добиеното признание за добро изработена задача, од страна на нивните менаџери или претпоставени.

Вработените се трудат и вложуваат многу енергија во проектите кои им се доделени. Тие се фокусирани на своите задачи и ги користат сите расположливи ресурси за да реализираат успешен проект. Зошто да не го пофалите тоа? На крајот од денот, ако нивната работа не е признаена/пофалена тие се поретко ќе вложуваат дополнителен труд и нивната продуктивност ќе се намали..

Признанието за добро сработена работа треба да биде многу повеќе од паричен бонус на крајот од месецот или годината. Се мисли дека паричниот надоместок е клучен за мотивација но многу испитаници тврдат дека тоа не е така.

Дигиталното tech решение кое го изработија студентите на Академијата за човечки ресурси може да ти помогне многу. “Браво колега!” е алатка за искажување на благодарност, лојалност, честитки и признание за добро сработена работа. Наскоро ќе биде достапна на hr.mk, искористи ја!

Пријатна атмосфера

Никој не сака да работи во досадна и “сива” просторија, нели? Верувам дека ни ти ни твојот тим. Функционална, полна со бои и интересна просторија ќе ја направи работата многу поинтересна. 

Првото нешто кое треба да го направиш е да се осигураш дека твојот тим поседува добра, функционална опрема за работа. Потоа, треба се да биде чисто и да изгледа добро. Уредувањето треба да е естетски доволно добро за да има пријатно влијание на расположението на твојот тим. 

Предизвици и награди

Докажано е дека предизвиците се одличен мотиватор. Тоа е така бидејќи го задржуваат фокусот на вработените. Тие се повеќе од обично ангажирани и заинтересирани за нивната улога и што тој предизвик ќе им донесе. 

Секако дека секој предизвик треба да вклучува и награда бидејќи ќе го зголеми позитивниот ефект кој самиот предизвик го носи. 

Креирај кариерно скалило

Кога секој човек кој е дел од твојот тим добро си ја знае улогата и знае како може да напредува во иднина се е поинаку. Вработените стануваат многу помотивирани ако тие знаат дека искачуваат скалило кое носи поголема позиција, поголеми привилегии и секако поголеми финаниски средства. 

Важно е да се напомене дека не станува збор само за поголеми финансиски средства или пак поцизија. Секогаш можете да им понудите на вашите вработени шанса за напредок со стекнување на нови знаења. Академиите во Creative Hub можат да ти го овозможат тоа. 

Биди лидер кој секој сака да го следи

Ти си пример кој секој вработен треба да го следи. Лидерите секогаш поставуваат стандарди по кои одредената група треба да работи. Тие исто така го поставуваат тонот, вредностите и динамичноста на команијата. Биди пример кој промовира позитивна мисла и дозволи вработените да те следат и да применуваат некои твои карактеристики во својата работа.

Мотивацијата секогаш може да биде поголема ако се промовира на вистинскиот начин. Се надеваме дека ти помогнавме и сега знаеш на кои клучни точки треба да посветиш внимание. Секако, биди секогаш отворен за промени и надоградување за да откриеш што е потребно а што не во твојата компанија.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This