fbpx

„Како да се напредува во ИТ индустријата…” – Интервју со Дени Мирчески

Во рамките на овој настан, денес разговараме со Дени Мирчески, Senior Automation Quality Analyst во Damilah. Чест и задоволство ни е што токму тој ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на ( 14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која тој и останатите панелисти ќе […]
05.11.2024

Во рамките на овој настан, денес разговараме со Дени Мирчески, Senior Automation Quality Analyst во Damilah. Чест и задоволство ни е што токму тој ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на ( 14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која тој и останатите панелисти ќе зборуваат е Како до успешна кариера во софтвер тестинг?.

 

 

CH: Кажете ни малку повеќе за вас? Кој е Дени?

Дени: Дени е роден и израснат во Скопје. Има завршено на Универзитетот Американ Колеџ каде има студирано софтверско инженерство. Започнува да работи во ИТ индустријата на прилично млада возраст, на 21 година. Во слободно време Дени се обидува да го балансира седењето пред компјутер со физички активности и дружба.

 

CH: Што ве поттикна да одберете кариера во областа на софтверското тестирање?

Дени: Додека студирав и се спремав да бидам Developer, наидов на предмет кој за прв пат ми го претстави тестирањето како концепт. Во тоа време воопшто не го разбирав. Со помош на нашата асистентка успеав да совладам некои основно концепти и зошто е потребно да се тестира. Тука се воведов и во автоматското тестирање и сфатив дека пишувањето автоматски тестови е еднакво голем предизвик како и самото развивање на софтверот.

Дојдов до заклучок дека развивањето тестови исто така бара големо ниво на знаење и искуство, а исто така и можност за креативност. Финалната одлука беше донесена кога видов дека овие експерти се барани на пазарот, а во тоа време и помалата конкуренција.

 

CH: Кои се вашите најголеми предизвици и најголеми успеси како софтверски тестер?

Дени: Најголемиот успех за еден софтверски тестер е кога софтверот кој го тестирал во времетраењето на проектот, ќе стигне до наменетите корисници. Поточно кога вистински корисници ќе почне да го користат овој софтвер и ќе почне да даваат позитивни рецензии.

Посебно ви е драго кога ќе слушнете од корисниците дека во досегашното користење не се сретнале со некои грешки кои им оневозможиле соодветно да го користат софтверот/апликацијата. За да се постигне овој резултат, тестерите наидуваат на големи предизвици од типот на тестирање на комплексни системи, чести промени во барањата на клиентот, менаџирање на податоци за тестирање, потешкотии при развивањето на автоматските тестови и најголемиот од сите временското ограничување.

 

CH: Кои се вашите омилени алатки или техники за тестирање на софтвер?

Дени: Моја омилена техника за тестирање е exploratory testing. Оваа техника му дава на тестерот слобода да проба да најде грешки во софтверот, без да биде ограничен со предифинираните тест сценарија. Користејки го своето знаење за доменот на софтверот, својата интуиција и водејќи се по прашањето “што ќе се случи ако го направам ова ?”. За оваа техника најчесто ни се потребни маус, тастатура и малце љубопитност. Евентуално некоја алатка како Postman, доколку треба да правиме повици до некои сервиси.

 

CH: Кој е вашиот омилен дел од работата како софтверски тестер?

Дени: Мојот омилен дел е дефинитивно развивањето на автоматски тестови. Обожавам да развивам тестови, посебно кога знам дека овие тестови ќе ме ослободат од извршување репетативни тест сценарија и исто така подоцна помогнат со ретестирањето. Во последно време омилени ми се технологиите/алатките кои дозволуваат развивање на тестови во јазикот JavaScript.

 

CH: Кои се најважните карактеристики или вештини кои ги имате како софтверски тестер и воедно кои карактеристики треба да ги поседува еден софтвер тестер?

Дени: Секој софтверски тестер треба да е технички спремен од аспект на техники и алатки за тестирање. Покрај тоа тој исто така треба да има одлично познавање на бизнис доменот, од аспект на релевантни регулативи, стандарди и барања за усогласеност. Тоа што ги двои подобрите тестери е разбирање на севкупната слика. Кога тестерот разбира од кои компоненти е изграден софтверот и како функционира во позадина, ќе знае каде е возможно да се појават недостатоци и проблеми.

Од аспект на карактеристики, тестирањето бара упорност. Бидејќи многу често софтверските грешки и недостатоци не излегуваат на виделина веднаш. Може да се случи да треба да повториме исто тест сценарио со различни тест податоци, неколу пати за да фатиме некаква грешка.

 

CH: Кои се вашите цели или амбиции во областа на софтверското тестирање?

Дени: Моите цели се константно следење на сегашните технологии и надградување на моето знаење. Секогаш има нешто ново да се научи во ИТ доменот. Мојот сегашен фокус е да напредување во нефункционалното тестирање.

 

CH: Како изгледа еден ден во животот на софтвер тестер?

Дени: Денот секогаш почнува со дневниот состанок каде сите членови на тимот даваат известување за нивните обврски околу проектот. После тоа почнувам со работа. Најчесто прво ги разгледувам веќе напишаните тест сценарија за да се потсетам до каде сум стигнал вчера. Секогаш пред да почнам со тестирање проверувам дали на тест околината е поставена точната верзија од софтверот.

Потоа ги извршувам тест сценаријата. Доколку наидам на некаква грешка (bug), соодветно ја пријавувам. Доколку во денот развивам автоматски тестови, голем дел од денот поминува во извршување на истиот тест одново и одново, се додека не направиме да го проверува тоа што треба.

 

CH: На 14-ти април ќе ни бидете и панелист на претстојниот настан организиран од Академијата за Софтвер Тестинг. Што ќе можат да слушнат гостите од вас?

Дени: Гостите ќе може да слушнат за моите искуства низ шест годишната кариера како софтвер тестер. Отворено ќе може да разговараме за тоа како да се влезе и напредува во ИТ индустријата.

 

Придружини се и биди дел од настанот кој ќе се одржи на 14.05 (Вторник) во Netaville со почеток од 19:00 часот.
➡️ Регистрирај се тука !

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This