fbpx

Како до професионално портфолио кое ќе те вработи?

Вработувањето на професионалци од креативните индустрии од секогаш зависело од нивните претходни ангажмани, квалитетот на нивните проекти и нивниот визуелен идентитет. Токму затоа, увидот во работата на претходните проекти е многу важен. Метафорички, тоа е прозорец на една продавница - што ќе биде изложено зависи само од тебе. 
Како до професионално портфолио кое ќе те вработи?
04.14.2021

Вработувањето на професионалци од креативните индустрии од секогаш зависело од нивните претходни ангажмани, квалитетот на нивните проекти и нивниот визуелен идентитет. Токму затоа, увидот во работата на претходните проекти е многу важен. Метафорички, тоа е прозорец на една продавница – што ќе биде изложено зависи само од тебе. 

Изгледот на твоето професионално портфолио е она кое ќе те продаде и покаже во најдобро светло пред многу потенцијални клиенти и работодавци. Секако, следуваат и еден тон неочекувани можности ако твоето портфолио е онлајн присутно. Да, онлајн присуството на сајт како Upwork, LinkedIn или Fiverr е важно бидејќи на тој начин ти го градиш својата мрежа на колеги и клиенти.

Тимот на Creative Hub го сочинуваат професионалци во различни области – од маркетери до графички дизајнери и HR асистенти. Заедно, креиравме “скелет” од неколку чекори кои ќе ти помогнат да изградиш професионално портфолио. Секако, доколку пак одлучиш да се запишеш на една од нашите Академии, ќе имаш можност да го изградиш своето професионално портфолио со својот ментор.

Како до професионално портфолио кое ќе те вработи?

Покажи и раскажи – се двата клучни збора кога станува збор за градење на професионално портфолио. Имај в предвид дека ти не си единствената личност во она што го работиш – твоето портфолио е едно од многуте во областа во која сакаш да се истакнеш. 

Времето на твоите клиенти е најважно па така твојот прозорец на професионалноста и вештините кои ги поседуваш има само една шанса. 

Одлучи што е клучно и вметни го во твоето портфолио

Пред да почнеш да вметнуваш клучни работи во твоето портфолио многу е важно да одлучиш и подоцна да направиш план што всушност ти сакаш другите да видат. 

Не мора да го вклучиш секој свој проект.. Секое твое работно искуство исто така не треба да биде вметнатно. Креирај го твоето портфолио со искуство кое е важно за позицијата за која аплицираш или би сакал во иднина да аплицираш. Биди селективен бидејќи само на тој начин покажуваш дека си професионалец. 

Регрутерите нема да можат да ти посветат голем дел од своето време па затоа демонстрирај го само она што навистина го истакнува твојот талент и искуство. Секако, не заборавај да ги вметнеш и сите вештини потребни за работата. Вештините ја зголемуваат шансата за вработување и покажуваат дека вредиш и си вистинскиот човек за работата.

Едноставност е се што ти треба

Правилото “помалку е повеќе” важи и во овој случај. Нашиот тим сугерира презентирање на твоите проекти на многу едноставен начин. Вметни категорија насловена “Проекти” или “Моите проекти” (Projects, My Projects, Work Samples, My Work). Вметнавме и англиски верзии бидејќи скоро сите професионални портфолија или веб сајтови се на англиски јазик. 

Да, постојат и веб сајтови креиани од професионалци за прикажување на нивната професионална работа. 

Дали ќе биде класично портфолио или пак веб страна одлучуваш само ти. Еве еден пример на францускиот графичкиот дизајнер Малика Фарве. Нејзиниот професионален веб сајт е едноставен, чист и минималистички – се што и тебе ти треба. Можеш да забележиш дека таа во својот професионален веб сајт не вклучила опис но вклучила фотографии – доволно моќно за да го зароби окото на секој на кој му треба графички дизајнер во својата компанија.

Олесни го искуството на твојот клиент

Клиентот ќе биде дополнително задоволен од твојата професионалност ако неговото искуство со твоето портфолио е без грешка. Имплементација на различни категории е добар почекот и многу потребен. Никој не сака да види различни проекти расфрлани низ една страница. Таквата презентација може да биде не прегледна и збунувачка.

Категориите се добри и за рангирање на своите проекти. На пример на почеток вметни категорија која ќе содржи проекти како почетник а потоа вметни категорија која ќе содржи проекти кои ги изработуваш денес. 

Раскажи ја и својата лична приказна, не само професионалната

Да, твоето искуство и твоите проекти поврзани со професијата или отворената позиција се важни но треба да ја раскажеш и својата приказна. Под раскажување на својата приказна мислиме на раскажување нешто повеќе за личноста која го креирала портфолиото.

На клиентите им е важно да можат барем малку да го запознаат и лицето, индивидуата со ќе соработуваат во иднина. Во секое портфолио треба да постои категорија “Нешто повеќе за мене” или “About” во која ќе вметнеш кратка биографија – портрет од себе, опишување на каква личност си и кој е твојот стил на работење.

Сите работиме напорно и квалитетно, зошто да не го покажеме тоа на најдобар начин? Драго ни е ако барем малку ти асистиравме и ти ги овозможивме насоките кои ти беа потебни.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This