fbpx

Како Сара со Creative Hub откри дека е многу повеќе од правник

Правник по професија и човек кој своето слободно време го користи да научи нешто повеќе. Денес, ти ја преставуваме Сара Нојкова од Академијата за човечки ресурси.
многу повеќе од правник
04.15.2021

Правник по професија и човек кој своето слободно време го користи да научи нешто повеќе. Денес, ти ја преставуваме Сара Нојкова од Академијата за човечки ресурси.

Како што вели таа на почеток на нашиот разговор, желбата да научи многу не само од нејзината област туку и од многу слични па и различни области била причината зошто таа се запишала на Академијата. 

Човечки ресурси и право – која е поврзаноста?

Низ насмевка, ни образложи дека човечките ресурси се многу блиски до правото. Односно, во правото има гранка или правен дел на човечки ресурси за кој таа била мошне заинтересирана. 

Имено, Сара со желбата да научи повеќе за меѓучовечките односи влегува во предизвик наречен – Академија за човечки ресурси во Creative Hub.

“Отсекогаш сакам да научам нешто повеќе, односно да научам многу за одредена тема за која сум заинтересирана. Меѓучовечките односи, кои се многу блиски до правото, секогаш ме интересирале.”

Кога разговараме со нашите студенти многу често поставуваме едно прашање за кое мислењето ни е дефинитивно најважно. Секако, ја прашавме и Сара, зошто баш Creative Hub.

“За вашиот центар за неформално обазование дознав преку интернет. Кога видов дека давате можност за напредок во полето на човечки ресурси  детално ја разгледав Академијата. Морам да признаам дека пријатно бев изненадена и истовремено фасцинирана од програмата која ја нудите. Предавачите исто така влијаеја многу на мојата одлука. Навистина работите со професионалци кои точно знаат како да ги пренесат своите знаења.”

Сара не можеше да одвои омилен предмет. Тоа е така бидејќи како што ни нагласи таа во моментов скоро сите предмети и се омилени.

Одговорот на прашањето го започна со предметот “Финансиски аспекти на човечки ресуси”. Нејзе и се допаднал овој предмет бидејќи таа како правник немала никакво претходно искуство со Excel табели и се што овој предмет носи. На почетокот предметот и преставувал предизвик но следејќи ги чекорите од професорот го совладала многу повеќе од очекуваното.

“Имаше многу што да се научи а јас како правник, со никакво претходно искуство во финансии видов голема можност за напредок.”

Вториот предмет кој го издвои беше  “Employee Engagement”. Веќе сме запознаени со него поради првиот хакатон по човечки ресурси и првото дигитално tech решение кое произлезе од истиот. Го спомена бидејќи едни од најинтересните часови се одвивале баш на овој предмет.

“Марина и часовите по Employee Engagement дефинитивно ќе ги издвојам бидејќи интеракцијата беше на највисоко ниво и таа секогаш се трудеше да извлече нешто повеќе и нешто подобро од нас. Таа не предаваше на класичен начин, напротив, користеше свои методи, доста успешни, кои допреа до сите нас. Со нејзе навистина се почувствував како да имаме физичка а не онлајн настава.”

Како што знаеме Сара беше дел и од неколкуте хакатони на Академијата. Ни потврди дека хакатоните и биле предизвик на почеток бидејќи транзиција од теорија во пракса е секогаш тешко на почекот. 

Задоволна е од двете tech решенија – “Браво Колега!” и “Оцени се сам”. Смета дека тие ќе имаат доста голема примена во сите македонски HR сектоrи и горда е бидејќи е дел од тимот кој креираше решение од ваков тип на македонски јазик. 

Секако, ни одвои и омилен – “Браво Колега!”

“Причината е едноставна. Секој би сакал да добие нешто што ќе му го разубави денот без разлика дали е честитка за роденде, или пак картичка за пофалба или лојалност.”

Сара ги препорачува хакатоните и е сигурна дека тие се најдоброто решение кога станува збор за практична работа и примена на стекнатото знаење. Најпрво бидејќи не се работи за стандардна форма на проврека како проектни, испитување, тестови или слично. Второ бидејќи ја зголемува интеракцијата и ги зближува луѓето кои се дел од тимот. 

Дружба, хакатони, знаење и нешто многу повеќе те очекува и тебе ако решиш да станеш дел од единствената Академија за човечки ресурси на нашите простори. Аплицирај тука.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This