fbpx

Performance Marketer преку Академија за маркетинг

Продолжуваме со серијалот интервјуа со наши членови од Академијата за маркетинг. Денес разговараме со Јулиа Бошевска performance marketer во Slice. Јулија беше дел од првата група на маркетинг академијата. Кога се запиша на Академијата, штотуку имаше завршено на Економскиот факултет св. Кирил и Методиј, отсек маркетинг. Creative Hub: Јулија, твојата активност и амбициозност се истакнува […]
performance marketer
01.20.2021

performance marketer

Продолжуваме со серијалот интервјуа со наши членови од Академијата за маркетинг. Денес разговараме со Јулиа Бошевска performance marketer во Slice. Јулија беше дел од првата група на маркетинг академијата. Кога се запиша на Академијата, штотуку имаше завршено на Економскиот факултет св. Кирил и Методиј, отсек маркетинг.

Creative Hub: Јулија, твојата активност и амбициозност се истакнува уште од студентските денови. Знаеме дека си член во студенска та организација AIESEC и во неколку невладини организации. Иако имаш завршено на економскиот факултет, смер маркетинг, дополнително се одлучи и да посетуваш Академија за дигитален Маркетинг.

Која ти беше целта при запишување на академијата? Дали имаше некое поле во маркетинг што го немаше на факултет, а го имаше во Aкадемијата каде што сакаше дополнително да се развиваш?

Да точно, завршив на маркетинг смер на Економскиот факултет во Скопје, меѓутоа сакав моето знаење да го надоградам. Тоа се некои сфери од маркетингот кои не беа многу разработени на факултет, а Creative Hub овозможува да се изучуваат. Поточно повеќе сакав да се насочам кон дигитален маркетинг и организирање на настани. Во тој момент Академијата за дигитален Маркетинг на Creative Hub го нудеше тоа најдобро.

Денес, работиш како performance marketer во Slice, каде активно работиш веќе една година. Како Aкадемијата ти помогна во текот на твојот кариерен развиток? Кои промени ги доживеа во себе во текот на овие две години?

Академијата за дигитален маркетинг, ми помогна најпрво да учам од веќе докажани професионалци и исто така да работам на реални проекти. Теоријата која ја изучувавме веднаш постојано ја применувавме во пракса. Денес работам во Slice, платформа која на едно место ги спојува локалните пицерии и љубителите на пица во Америка. Мојата позиција е Performance Marketing, односно анализирање на однесувањето на потрошувачите, тестирање нови кампањи и повторно анализирање и тестирање. Во Slice работам со прекрасни луѓе кои си ја сакаат својата работа и каде од секој има што да се научи.

Покрај Академијата за маркетинг, пред 5 месеци исто така присуствуваше и на нашиот курс за мода. Знаеме дека модата е нешто што ти е пасија во животот. Се сеќаваме кога на Академијата за маркетинг студентите имаа задача да изберат индивидуални проекти на кои ќе работат. Ти избра да работиш за настан за мода. Дали сметаш дека модата  е поле на кое сакаш во иднина целосно да се посветиш? Колку курсот за мода исто така на некој начин ја “подгреа” оваа твоја пасија?

Да, модата отсекогаш била мојата пасија на која што во иднина сакам целосно да се насочам. Курсот за мода со Виктор Стојков кој поконкретно беше за одржлива мода на некој начин “ми ги отвори очите” за тоа колкаво влијание има модата врз животната средина. Овој курс исто така ми даде идеја за искористување на дигиталните платформи и современите 3Д технологии. Се запознав со создавањето на иновативни производи и нивно промовирање. Се надевам дека ќе го реализирам ова во блиска иднина.

За крај, што би им препорачала на сите што сакаат да преземат нов чекор и да се запишат на Академијата за Маркетинг во Creative Hub?

На сите оние кои сакаат да научат повеќе за маркетингот и да се усовршат во оваа област им препорачувам воопшто да не се двоумат. Овде секогаш има нешто ново да се научи. Tреба постојано да се надоградуваме со нови вештини и нови знаења. Особено во маркетингот затоа што е област која постојано се менува. Она што важело вчера, веќе денес е застарено, а на оваа академија ќе учат од луѓе кои го работат тоа секој ден и одблиску можат да ги пренесат реалните ситуации со кои се среќаваат секојдневно.

 

 

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This