Најчестата причина поради која студентите избираат кариера во front-end е можноста за учење и напредок кои ги нуди оваа професија како и постојаните предизвици. Причината поради која Катерина се запишала на Академијата за фронт-енд програмирање била токму таа.
За Академијата ќе каже дека обезбедува квалитетно образование и поддршка од искусни ментори, а интерактивните методи на учење и реалните проекти обезбедуваат практично искуство.
Структура на програмата: 12 месеци предавања + 1 месец реални проекти + 2 недели курс за вработување + стажирање и гарантирана работа
Какво е досегашното искуство на Катерина на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог.
Имам цел да создадам интерактивни и информативни веб сајтови и апликации
Creative Hub: Катерина, имате магистрирано во Хрватска за нутриционизам, а сега сакате да се преквалификувате во фронт-енд. Што е она што ве привлече кај оваа професија?
Катерина: 1 година од моите магистерски студии ги поминав во Загреб, а мојот матичен факултет ТТФВ ме испрати во Загреб како студент на генерација. Магистратурата по нутриционизам беше одлично искуство кое ми обезбеди многу знаење во областа на здравата и избалансирана исхрана. За време на моите студии започнав да забележувам колку голем потенцијал постои во технологијата за да го подобриме начинот на кој луѓето пристапуваат до информациите. Оттогаш се јавува мојата желба да се преквалификувам во front-end developer, со цел да создадам интерактивни и информативни веб сајтови и апликации кои ќе им помогнат на луѓето подобро да разберат како да го одржуваат своето здравје преку правилна исхрана.
Сметам дека интерфејсите на веб сајтовите имаат голема улога во тоа како луѓето ќе ги примат и интерпретираат информациите. Поради тоа, со комбинација на моите стари и нови вештини сакам да бидам дел од содавањето на веб апликации кои ќе им олеснат на луѓето и ќе ги поттикнат да прават здрави избори.
Покрај тоа, front-end Академијата ме привлече поради постојаните предизвици и можности за учење и напредок. Мојата способност за решавање на комплексни проблеми и големата желба за учење ме мотивираат успешно да ја завршам оваа Академија и верувам дека можам да успеам како front-end developer.
Почнав со 0 искуство во областа на програмирањето
Creative Hub: Пред да се запишете на Академијата дали имавте некои предзнаење за фронт-енд или започнавте со нула знаење?
Катерина: Пред да се запишам на Академијата немав никакво искуство во областа на програмирањето. За прв пат се запознав со термините и основите во програмирање преку бесплатниот 10 часовен курс за Front-end од Creative Hub, а потоа и преку онлајн ресурси и туторијали, но немав практично искуство. Сакав да ја започнам мојата кариера во front-end од нула и да учам од професионалци кои ќе ми помогнат побрзо да ги стекнам потребните вештини и знаења.
Научивме како да го прилагодуваме изгледот на веб страните
Creative Hub: Веќе ги поминавте модулите HTML/CSS и Bootstrap. Што научивте на овие модули?
Катерина: Да, завршивме со првиот модул во кој изучувавме HTML, CSS и Bootstrap. На предавањата од HTML научивме како да ја структурираме содржината на веб страните. Се запознавме со HTML елементи и тагови кои служат за додавање на наслови, параграфи, слики, линкови и слично и научивме како да користиме различни HTML тагови за семантичко маркирање и SEO оптимизација.
На часовите од CSS научивме како да ги стилизираме веб страните со помош на Cascading Style Sheets (CSS) користејќи различни својства и селектори. Исто така научивме како да го прилагодуваме изгледот на веб страните со промени на бои, фонтови, позадини, маргини и сл. и како да ги позиционираме елементите користејќи го Flex системот. Покрај тоа се запознавме и со основните анимации.
Потоа изучувавме Bootstrap framework и научивме како да го користиме за брзо и лесно создавање на респонзивни веб сајтови. Ги изучивме компонентите и класите на Bootstrap за изградба на навигација, Carousel, картички и други елементи и научивме како да го прилагодиме стилот на Bootstrap елементите според потребите на нашиот веб сајт.
Саше е извонреден ментор и е секогаш достапен да одговори на нашите прашања
Creative Hub: Ќе сакате ли да ни објасните како се одвиваат предавањата со Вашиот прв ментор Саше Митковски?
Катерина: Имам само позитивни искуства со Саше како ментор. Тој е извонреден во пренесување на знаењето, детално објаснува и секогаш е достапен за да одговори на прашања и да разјасни се она што било нејасно. Предавањата се организирани на начин што вклучуваат интеракција со студентите и преку демонстрации, вежби, домашни и проекти стекнуваме практично знаење и искуство. Морам да напоменам дека 10 часовниот бесплатен курс пред Академијата го предаваше Саше и слободно можам да кажам дека начинот на кој Саше предава е причина што го избрав Creative Hub.
Квалитетно образование и поддршка од искусни ментори
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?
Катерина: Академијата обезбедува квалитетно образование и поддршка од искусни ментори, а интерактивните методи на учење и реалните проекти обезбедуваат практично искуство. Ја препорачувам Академијата на сите оние кои би сакале да започнат нова кариера во областа на Front–end програмирањето.