fbpx

Кариерна преквалификација од Sales Specialist во Marketing Specialist

Денес ве запознаваме со нашиот алумни на Академијата за дигитален маркетинг, Емилија која работејќи повеќе од 7 години како Sales Specialist се одлучила да направи кариерна преквалификација во областа на дигиталниот маркетинг. Правејќи истражување и разгледувајќи повеќе можности се одлучила за Creative Hub бидејќи смета дека од нас како Академија добила најголема поддршка и стручност, но […]
04.07.2023

Денес ве запознаваме со нашиот алумни на Академијата за дигитален маркетинг, Емилија која работејќи повеќе од 7 години како Sales Specialist се одлучила да направи кариерна преквалификација во областа на дигиталниот маркетинг.

Правејќи истражување и разгледувајќи повеќе можности се одлучила за Creative Hub бидејќи смета дека од нас како Академија добила најголема поддршка и стручност, но плус причина биле и предавачите со докажана експертиза и знаење како и програмата која била најопширна од сите програми понудени на пазарот.

Благодарение на знаењето кое Емилија го стекнала на Академијата за дигитален маркетинг, по само 5 месеци од завршувањето на Академијата таа успеала да направи кариерна преквалификација од Sales Specialist во Marketing Specialist.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️

  Аплицирај за 200€ попуст овде 📌

200 eur popust

Прочитајте го интервјуто со нашиот алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг Емилија и слушнете за нејзиното искуство на Академијата.

Creative Hub: Кажи ни нешто за себе и дали имаш хоби со кое го пополнуваш твоето слободно време?

Јас сум Емилија Гроздановска од Куманово во принцип сум премногу љубопитна личност и токму таа љубопитност ме води во многу неочекувани ситуации и простори, а тоа ми помага во мојот развој како маркетер.

Моите хобија вклучуваат патувања, читање на мотивирачка литература и истражување на нови култури.

Creative Hub: Која е твојата моментална работна позиција и како Академијата успеа да ти помогне во промена на кариерата?

Емилија: Моментално работам во Флекс Кредит во маркетинг секторот. Академијата за дигитален маркетинг ми помогна најпрво да се пронајдам себе и она што најмногу сакам да го работам. Со помош нa знаењата стекнати на оваа Академија јас моментално работам социјални медиуми, B2B маркетинг, SEO, Google Аnalytics, Сontent Мanagement итн.

Creative Hub: По завршувањето на Академијата колку време ти беше потребно за да се вработиш?

Емилија: Со оглед на тоа што пост ковид периодот ја зголеми побарувачката за дигитални маркетери, јас својата прва работа со скратено работно време во оваа насока ја добив после два месеци од завршувањето на Академијата, за една компанија од Белград, каде што работев на remote позиција. А после 5 месеци од завршувањето на Академијата се вработив на моменталното работно место.

Creative Hub: Зошто одбра дигитален маркетинг?

Емилија: Затоа што како што сите знаеме иднината ни е целосно дигитализирана и едноставно се сметам за креативна личност којашто брзо учи нови нешта, а дигиталниот маркетинг ја има токму таа динамика која ми е потребна.

Creative Hub: Кој модул ти беше омилен и зошто?

Емилија: Како креативец, омилен модул ми беше Social Media и WordPress.

6. Кој модул ти беше најпредизвекувачки и зошто?

Емилија: Teшко прашање, најпредизвекувачки ми беше модулот за SEO затоа што немав некое големо искуство, а ми беше доста интересно и сакав да го научам перфектно, што најверојатно ми успеа, благодарение на одличниот ментор.

7. Зошто се одлучи токму за Creative Hub?

Емилија: Кога се решив дека сакам да го изучувам дигиталниот маркетинг, разгледував повеќе можности, но тимот на Creative Hub ми понуди најголема поддршка и стручност, докажани предавачи и супер опширна програма.

8. Каков совет би му/ѝ дале некому што се размислува да започне со изучување на дигитален маркетинг?

Емилија: Советот е да не размислува повеќе туку да преземе акција која ќе го води по патот на една од најкреативните професии на денешницата.

Дали се сметаш себе си за креативна личност и би сакал/а да направиш кариерна преквалификација во областа на дигиталниот маркетинг?

Запиши се на Академија за дигитален маркетинг и искористи го моменталниот попуст од 200 евра.

Можеш да се стекнеш со два типа на диплома:

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.

CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија се стекнуваат со CPD диплома.

     Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This