fbpx

Келнер со пасија за ЅЕО

Денес те запознаваме со Ванчо Паљурцалиев, студент на Академијата за дигитален маркетинг. Тој веќе 17 години работи во областа на угостителството како келнер, но периодот на Ковид и сѐ она што се случи во тој период го поттикнало да истражува за дигиталниот маркетинг. Негова првична цел била знаењето кое ќе го стекне за дигиталниот маркетинг […]
04.20.2023

Денес те запознаваме со Ванчо Паљурцалиев, студент на Академијата за дигитален маркетинг. Тој веќе 17 години работи во областа на угостителството како келнер, но периодот на Ковид и сѐ она што се случи во тој период го поттикнало да истражува за дигиталниот маркетинг. Негова првична цел била знаењето кое ќе го стекне за дигиталниот маркетинг да го искористи за да започне дополнителна фриленс работа, но по одредено време како дел од Академијата за дигитален маркетинг сфатил дека сака да направи целосна промена на својата кариера. Неговиот стремеж е градење на кариера како SEO Specialist.

Она што било пресудно за Ванчо да го одбере токму Creative Hub и Академијата за дигитален маркетинг е позитивното искуство на негов близок пријател кој веќе бил дел од Академијата за Front-End програмирање во Creative Hub.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️

    Аплицирај за 200€ попуст овде 📌

200 eur popust

Во прилог прочитајте го интервјуто со Ванчо.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Ванчо: Работам во казино Фламинго во Гевгелија и сум во редовен работен однос веќе 17 години на позиција келнер. Завршив средно угостителско, 3 степен, насока келнер во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. По завршувањето на средното образование, наоѓањето на работа само по себе беше предизвик во тие транзициски моменти низ кои поминуваше општеството во тоа време. Но, со отворањето на казино Фламинго добив можност за постојано вработување и таму сум веќе од 2006 година.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за дигитален маркетинг?

Ванчо: Немав никаква допирна точка со дигитален маркетинг, но Ковид пандемијата го направи своето и за жал секторот угостителство претрпе многу штета. Самиот факт дека светот изнајде начин да функционира и покрај пандемијата ме заинтригира. При разговор со еден мој драг пријател од Торонто започнавме дискусија околу тоа што би можело да се работи од дома, поточно нешто како фриленсер во тие карантиски денови и како сето тоа функционира, но и кои вештини треба да се совладаат. Почнав со разни блогови, со видеа од YouTube, гуглање на информации, но сето тоа беше како да се вртиш во круг, а имав чувство дека ми треба нешто конкретно. Ако на почетокот имав желба за аматерска и дополнителна фриленс работа, денес без размислување можам да кажам дека целам кон целосна промена на кариера.

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?

Ванчо: При мојот избор на Creative Hub во прашање беа интересен склоп на околности. Да, правев истражувања по форуми, гуглaв, ги посетив веб-страниците од другите академии и споредував кој што нуди. Многу ми беше важно дали ќе можам да ја следам Академијата со оглед и на обврските кон работата, па закажав состанок со Creative Hub поточно со Стојанчо кој исцрпно одговори на сите мои прашања, но сепак не се пријавив. После некој ден на Facebook пост ми излезе мој сограѓанин од Стојаково и тој веќе ја следеше Front-End Академијата во Creative Hub, па по разговорот со него и пофалните зборови кој ги имаше не беше тешко да се донесе одлука за и јас да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub и многу сум задоволен и среќен за мојата одлука.

Creative Hub: Веќе сте при крај со Aкадемијата, што успеавте да научите до сега, кој модул Ви е омилен?

Да, при крај сме со предавањата, што научив досега?

Уфф, па:

  • Прво дека нема глупави прашања!
  • Дека нема глупави идеи во маркетинг!
  • Дека креативноста мора да ти биде слободна, да немаш ограничувања!

Научив многу работи! Самиот начин на предавањата и менторите те охрабруваат да го правиш и да го дадеш најдоброто од себе. Сите модули се интересни самите по себе и сите се непрекинливо поврзани еден со друг. Самиот дигитален маркетинг е сегментиран во модулите и нераскинлива алка за успешна маркетинг кампања, промоција, презентација итн. А мене најмногу впечаток ми остави SEO модулот и се надевам дека во иднина тоа ќе ми биде и професија.

Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?

Ванчо: Сите ментори: Ваљон, Катерина, Филип, Зоран, Мирослав, Димитар, Маја, Аријана се трудат да ви пренесат знаење и што е битно нивно лично искуство на најдобар начин, затоа што нѐ третираат како колеги и во секој од модулите вложуваат огромен труд за да ни ги објаснат сите нејаснотии. Мене најмногу впечаток ми остави Миле Давчевски со оглед на обемот на модулот SEO и самата специфичност за да се совлада материјата, неговиот пристап и достапноста кон нас самите студенти.

Creative Hub: После секој час имате домашна задача, дали имате предизвици додека ги пишувате домашните?

Ванчо: Секоја домашна задача од модулите е предизвик и има за цел да ни направи мал вовед во предавањата кои следат и да бидеме спремни за полесно совладување на самиот материјал, чекор по чекор до завршување на самиот модул. Но, не е тешко. Денес потребната информација ни е достапна со еден клик, само треба да се посвети повеќе време на пребарување, но имаме и материјал од самата Академија.

Creative Hub: По секој модул имате финален проект, колку тоа сметате дека Ви помага да ги валидирате Вашите знаења?

Ванчо: Апсолутно, тука треба да се стави главниот фокус при финалната задача од секој модул за да може самиот да се тестираш колку си го совладал материјалот и доколку има нешто нејасно менторите секогаш ни укажуваат за да нѐ коригираат и да ни разјаснат. Она што мене ми се допадна кај некои финални задачи, во кои требаше да се сработат во соработка со друг колега беше тоа што бевме во постојана комуникација и со останатите колеги од групата за да ги разјасниме проблемите и да најдеме начин истите да ги решиме. Комуникацијата е столбот на секој успешен маркетер.

Creative Hub: Дали се чувствувате спремни да работите како дигитален маркетер сега кога веќе сте на крајот од Академијата?

Ванчо: Хммм..да, еве и зашто. Она што го имаш на Академија нема да може да го добиеш на ниту еден онлајн курс, иако немам ништо против, секое знаење е добредојдено, но тука на Академијата си во голема предност заради следново: нови познанства, колеги, ментори, самата Академија и по завршувањето не си сам. Соработката продолжува, па дури и за мал совет мислам дека секој од менторите ќе ти помогне, така што мојот одговор пак ќе кажам е – да спремен сум.

Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно сѐ додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз Вашето вработување?

Ванчо: Со нетрпение очекувам да започнеме со обуката. Знам дека ќе биде забавно и поучно од проста причина што треба да се покажеш пред светот, пред клиенти, да си докажеш едноставно на самиот себеси дека си успеал. Сигурен сум дека сите студенти ќе имаме многу голема корист од самата обука и ќе успееме во нашите планови.

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на некој друг?

Ванчо: Сите оние кои имаат трпение да го прочитаат моето интервју, еден апел до сите мои колеги сегашни и поранешни, мои пријатели и познаници да не се двоумат воопшто и да ја посетат веб- страницата на Creative Hub можат да се пронајдат во било што што нуди самата Академија, да направат барем едно мало истражување. Им препорачувам најискрено да си закажат еден разговор, да не бидат лимитирани во XXI век поради фактот што светот станува мало поврзано дигитално место, сакам да се сведоци на флексибилноста на сите од Creative Hub. Моето искуство со Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub е прекрасно, а се надевам следното интервју здравје да биде како вработен SEO Specialist во некоја компанија.

Creative Hub: Ја избравте ЕУ-Академијата. Зошто? Дали поради фактот што ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?

Ванчо: Искрено да, но и заради самите модули кои ги содржи и можноста за работа во некоја странска компанија со оглед на мојот интерес за SEO сигурен сум дека со ЕУ сертификатот кој го добиваме шансите ми се поголеми, а којзнае можно е и да се запишам на Забрзаната програма во Creative Hub, времето ќе покаже.

Посакуваш целосна промена на кариера и тоа во областа на дигиталниот маркетинг?

Запиши се на Академија за дигитален маркетинг сега и искористи го моменталниот попуст од 200 евра.

Можеш да се стекнеш со два типа на диплома:

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.

CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија се стекнуваат со CPD диплома.

     Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This