fbpx

Кои графички дизајнери да ги следиш?

Разновидноста на стилови и креативи што во моментов е присутна на полето на графичкиот дизајн никогаш не била поголема благодарение на сите графички дизајнери. Насекаде околу светот, различни артисти секојдневно креираат нешто ново и единствено.  Постојат многу дизајнери кои својата работа ја прикажуваат надвор од онлајн светот но повеќето од нив се присутни и во […]
Разновидноста на стилови и креативи што во моментов е присутна на полето на графичкиот дизајн никогаш не била поголема. Насекаде околу светот, различни артисти секојдневно креираат нешто ново и единствено. 
04.21.2021

Разновидноста на стилови и креативи што во моментов е присутна на полето на графичкиот дизајн никогаш не била поголема благодарение на сите графички дизајнери. Насекаде околу светот, различни артисти секојдневно креираат нешто ново и единствено. 

Постојат многу дизајнери кои својата работа ја прикажуваат надвор од онлајн светот но повеќето од нив се присутни и во виртуелниот свет. Тие секојдневно ја зголемуваат нашата свест за графичкиот дизајн и ни покажуваат едно поинакво секојдневие.

Денес, седнавме со Даниела Коцевска, нашиот графички дизајнер да позборуваме за важноста на дизајнот во новото секојдневие и низ разговорот таа ни откри неколку графички дизајнери кои според неа навистина трасираат еден нов правец во оваа професија/уметност.  

“Човекот се врзува со визуелниот идентитет на работите. Графичкиот дизајн според мене е есенцијална потреба. Наједноставно кажано, сите продукти од нашето секојдневие се брендирани на некаков начин и нашиот мозок потсвесно е врзан за оној продукт кој нам ни изгледа најубаво.”

Широкиот спектар на употреба на графичкиот дизајн се движи од сите сообраќајни знаци што не опкружуваат, до најфини уметнички дела кои постојат за да ни го разубават нашиот простор. Затоа сакаме со вас да споделиме неспоредливи графички дизајнери чии идејни решенија го прават светот поколористичен, пофанки и поразигран.

Почнуваме со Мајк Кус. Тој е британски графички дизајнер кој исто така се занимава со фотографија. Многу често, неговите дизајни можат да се видат и на конференции посветени на техничката и дизајнерската сфера бидејќи често, тој е наратор на истите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Kus (@mikekus)

Продолжуваме со графичката дизајнерка Лорен која доаѓа од Детроит и на која првично оваа професија и била хоби. Истовремено, таа е и калиграф и помага на многу брендови во светот да ги подобрат своите креативи и да останат релевантни на пазарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Hom (she/her) (@homsweethom)

Следна е Ени Аркинс која за професијата вели дека е една од најзабавните и најкреативните во светот. Таа дизајнира за филмската индустрија, ретка професија која за неа преставува огромно задоволство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Annie Atkins (@annieatkins)

Sagmeister & Walsh е дизајнерско дуо кое креира уметнички проекти. Во моментов, Џесика и Стефан имаат турнеи во музеи насекаде низ Европа на кои ги презентираат своите креации.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by stefan sagmeister (@stefansagmeister)

Креативното студио RoAndCo кое има освоено безброј награди е следно. Тие креираат модернистички дизајни за многу козметички и модни куќи. Преку нивните дизајни, како што велат тие, се трудат да го доловат секој суштински дел од брендот кој го преставуваат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RoAndCo (@roandcostudio)

Алекс кој доаѓа од Барселона вели дека за секое свое графичко решение максимално се труди да ги задоволи своите клиенти. Неговите клиенти доаѓаат од најразлични индустрии, од музичка до модна индустрија. Тој бил дел од The Rolling Stones, Coca-Cola, Nike и British Airways.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Trochut (@trochut)


Дана од Њу Јорк сака да го живее својот живот со бавно темпо и обожава да креира со нејзините раце. Таа има над 10 годишно искуство и свое сопствено студио кое обезбедува беспрекорни дизајни за Ralph Lauren, Instagram и Таrget.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana Tanamachi (@dana_tanamachi)

И најдоброто за крај, двајца графички дизајнери кои потекнуваат од нашата држава а се светски признаени и барани. 

Ова е Нина која живее моментално во Токио, нејзиниот инстаграм профил е доста разновиден и смирувачки.


Го имамe и Таби, еден од најдобрите графички дизајнери од нашата држава кој е базиран во Амстердам. Таби зад себе има 8 годишно искуство како дизајнер и креации за светски брендови меѓу кои Pandora, McDonald’s, и Porsche.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabi Aziri (@tabiaziri)


Од професионалците споменати погоре сфативме дека графичките дизајнери не се присутни само да креираат визуелна привлечност. Тие се тука и да решат проблем на некоја компанија и со своите дизајни да ја зголемат продажбата за нивните услуги или продукти.

Искористи го овој момент да започнеш кариера во една област која е максимално исполнета со забава и креативност. Новата група на Академијата за графички дизајн во Creative Hub започнува на 10.05 пријави се тука!

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This