Секоја Академија во Creative Hub започнува со Oбука за личен брендинг, па така и овој понеделник новата група студенти на Академијата за графички дизајн ја започнаа својата кариерна приказна. Нова група поединци желни за успех- на кои им посакуваме лесен и успешен почеток на Академијата.
Часот најпрво започна со претставување на студентите и споделување на нивната мотивација и причините поради кои се одлучиле токму за графички дизајн.
Потоа студентите се запознаа со проектите кои ќе ги изработуваат во текот на Академијата, а им се клучни за да го достигнат предвидениот успех по завршување на Академијата.
Кои се проектите на кои работат студентите на Академијата за графички дизајн?
Во текот на Академијата студентите работат на 30 реални проекти, дел од нив се:
- Креирање на лого
- Креирање на фонт
- Креирање на списание и флаер
- Product Photography
Која е целта на обуката за личен брендинг?
Оваа обука има за цел да ги научи студентите 3 работи:
- Како се врши процесот на регрутација на LinkedIn
- Како да го оптимизираат својот LinkedIn профил
- Како да станат инфелунсери во индустријата во која работат
Со споделувањето на контент вие градите перцепција кај луѓето што ве следат дека знаете, но со тоа и станувате инфлуенсери во вашата индустрија.
Кои титули може да ги има еден студент на Академија за графички дизајн?
- Graphic Designer
- Visual Designer
- Photographer
- Digital Designer
Задача
Сите студенти добија задача до следниот час а тоа е четврток да ги оптимизираат своите LinkedIn профили според она што го научија и слушнаа на оваа обука за личен брендинг. Во четврток секој студент одделно ќе добие фидбек за профилот на LinkedIn од менторот на оваа обука, но воедно и основач на Creative Hub, Аријана Коскарова.
Мотивација
Ти можеш да бидеш она што сакаш да бидеш ако работиш на тоа.
Ти се допаѓа новиот концепт?
Доколку ти се допаѓа новиот концепт на Академијата каде внесуваме soft skills + hard skills во една програма, те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо тука.
Но, ако сакаш да ја видиш целосната програма на Академијата за графички дизајн кликни на линкот тука.