Академијата за жени лидери е три-семестрална програма која вклучува:
- Предавања
- Проектни недели
- Нетворкинг настани
- Дисциплински предизвици
Оваа програма е за лица кои имаат аспирации да работат на раководни позиции.
На крајот на програмата целта е:
- Успешно да ги менаџирате предизвиците;
- Ефективно да менаџирате со тимот;
- Со вашето раководење да креирате резултати;
- Да станете инспиративен лидер и коуч;
Во овој блог пост сакаме да ви ја претставиме програмата на Академијата преку прашања кои треба да ви дадат одговор дали имате простор за раст во таа област и дали оваа Академија е вистинскиот избор за вас.
Програмата е поделена на 3 семестри од кои првиот семестар е работа на себе, вториот семестар е работа на односите со другите и третиот семестар е работа на менаџмент вештини.
Семестар 1: Работа на себе
Модул 1: Лидерство 5
Пред почетокот на овој модул поставете си го прашањето: Каков лидер сум јас? Каков лидер сакам да бидам? Поседувам ли дисциплина која носи до успех?
На овој модул студентите ќе научат 3 фази на концептот: дисциплинирана мисла, дисциплинирано однесување, и дисциплиниран човек. Студентите ќе научат вештини преку следење пример на извршни менаџери на 28 Fortune 500 компании кои преку своето лидерство не само што постигнале врвни финансиски резултати туку и ги одржале до денес.
Модул 2: Бизнис Психологија
Видео претставување на модулот – https://youtu.be/FKYCjtib52k
Пред почетокот на овој модул поставете си го прашањето: Дали успешно ги менаџирам своите емоции и дали свесно раководам со предзвиците со кои се соочувам? Дали реагирам на предизвиците на околината, или свесно одговарам?
Модулот целосно се заснова на учења на Др. Луана Маркес од Школата за Психологија на Харвард. Сите студенти ќе добијат книга по која ќе работат на модулот.
Целта е да применат емоционална интелигенција за да разберат што ги предизвикува нашите однесувања. Да разберат како нашиот ум ги процесира предизвиците секојдневно и да научат алатки од невронаука кои ќе им помогнат да ги менаџираат своите емоции и да станат подобри и попродуктивни.
Модул 3: Деловна комуникација
Пред почетокот на овој модул поставете си го прашањето: Како се однесувам во вербална и невербална комуникација? Дали мојата комуникација е секогаш успешна?
Модулот се заснова на техники на успешна комуникација усмена и писмена, невербална и вербална.
Во следните 2 блога ќе прочитате за преостанатите модули.
Закажете состанок во живо со менторот на Академија за жени лидери на 071 214 849 или дојдете во нашите канцеларии.