fbpx

Од лингвист до знаење во дигитален маркетинг

Денес ве запознаваме со нашиот алумни на Академијата за дигитален маркетинг, Марија која трагајќи по повеќе знаење и нова потенцијална професија се одлучила за оваа Академија. Она што ја привлекло кај Creative Hub е добриот маркетинг кој го има оваа Академија и одличната програма. По направениот влезен тест се уверила дека го направила вистинскиот избор. […]
03.31.2023

Денес ве запознаваме со нашиот алумни на Академијата за дигитален маркетинг, Марија која трагајќи по повеќе знаење и нова потенцијална професија се одлучила за оваа Академија. Она што ја привлекло кај Creative Hub е добриот маркетинг кој го има оваа Академија и одличната програма. По направениот влезен тест се уверила дека го направила вистинскиот избор.

Инвестирањето во знаење е најдобрата инвестиција што можете да ја направите за самите себе и тоа е нешто што никој не може да ви го одземе. Учењето никогаш не го заморува умот.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️

  Аплицирај за 200€ попуст овде 📌

200 eur popust

Прочитајте го интервјуто со нашиот алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг Марија и слушнете ја нејзината приказна.

Creative Hub: Кажи ни нешто за себе и дали имаш хоби со кое го пополнуваш твоето слободно време?

Марија: Во моментов со моето „слободно време“ раководи моето бебе 🙂 последниве неколку месеци најголемиот дел од денот го поминувам во релативно новите мајчински задачи. Понекогаш се обидувам да искористам маркетинг трикови за да го убедам за некоја играчка или да му „продадам“ бар пола саат дремка. Од време на време успевам да ѕирнам и тестирам што има ново со продуктот на фирмата во која работам во моментов, за да бидам во тек.

Creative Hub: Која е твојата моментална работна позиција и како Академијата успеа да ти помогне во промена на кариерата?

Марија: Во моментов мојата позиција се вика Technical Support Specialist и е доста поинакво нешто од она кое го учев на академијата за Маркетинг. Нашиот тим се грижи за нашите клиенти да ги избегнат можните технички проблеми со продуктот, а доколку се случат тука сме за да ги поправиме. Бидејќи нашите клиенти го користат наштиот продукт и за маркетинг таргетирање, знаењето од Академијата дава одлична основа како и со што можам да им помогнам подобро да си го постават својот таргет, да ја најдат својата таргет публика и оформат филтерот за да бараат нивни потенцијални клиенти.

Creative Hub: По завршувањето на Академијата колку време ти беше потребно за да се вработиш?

Марија: Јас имав среќа да се вработам додека се уште траеше Академијата и тоа кај Борче Манев кој ни предаваше B2B Lead Generation, како Lead Generation Specialist. 

Creative Hub: Зошто го одбра Дигиталниот Маркетинг?

Марија: Маркетингот како наука, а најмногу copywriting отсекогаш ми биле доста привлечни. Кроењето на приказната околу еден продукт или идеjа ми беа одлична можност да го употребам лингвистичкиот и книжевниот дел од моето стручно образование.

Creative Hub: Кој модул ти беше омилен и зашто?

Марија: Најомилен ми беше секако Copywriting и тоа од причините кои ги наведов погоре. Часовите беа многу интересни и навистина уживав во нив.

Creative Hub: Кој модул ти беше најпредизвекувачки и зашто?

Марија: Најголем предизвик ми беше SEO. Многу корисен предмет и skillset за еден маркетер, но според мене навистина треба да го сакаш тоа да го совладаш инаку малку знае да биде комплицирано. 🙂

Creative Hub: Зошто се одлучи токму за Creative Hub?

Марија: Во периодот кога барав приватна Академија и смер за мојата нова потенцијална професија, имав интервју за работа со македонската канцеларија за маркетинг на Publicis. По интервјуто кое помина супер сфатив дека потребно ми е и малку попрофесионално знаење и обука околу маркетингот, па се фокусирав на академии кои самите имаат добар маркетинг и привлечни програми. Иако тогаш беа „млада“ Академија, сепак искуството и знаењето пред се на Аријана и Бојан, како и влезниот тест за Академијата по дигитален маркетинг ме убедија дека го правам вистинскиот избор. 

Creative Hub: Каков совет би му/ѝ дале некому што се размислува да започне со изучување на Дигитален Маркетинг?

Марија: Go for it! Особено доколку сте креативна личност и сакате промена од моменталното работно место или пак едноставно проширување на вашите работни способности, маркетингот е она кое ќе ви отвори многу повеќе врати во бизнис светот. Ќе се здобиете со повеќе самодоверба и creative outlet за вашите идеи.

Дали сакаш да ги прошириш твоите работни способности и да се стекнеш со вештини за дигитален маркетинг?

Запиши се на Академија за Дигитален Маркетинг и искористи го моменталниот попуст од 200 евра.

Можеш да се стекнеш со два типа на диплома:

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.

CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со CPD диплома.

     Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This