fbpx

Љубовта за психологија ја споив со UX/UI дизајн

Христијан Колев студент на Академијата за UX/UI дизајн паралелно студира и на Универзитетот Кирил и Методиј на департманот за психологија. Својата креативност, интересот за дизајн и психологија тој одлучил да ги поврзе со UX/UI дизајн. Тоа било една од клучните причини што тој ја одбрал токму оваа Академија, а Creative Hub го одбрал откако на […]
Љубовта за психологија ја споив со UX/UI дизајн
03.28.2023

Христијан Колев студент на Академијата за UX/UI дизајн паралелно студира и на Универзитетот Кирил и Методиј на департманот за психологија. Својата креативност, интересот за дизајн и психологија тој одлучил да ги поврзе со UX/UI дизајн. Тоа било една од клучните причини што тој ја одбрал токму оваа Академија, а Creative Hub го одбрал откако на Instagram ја погледнал рекламата за UX/UI Академијата која за минута го убедила да се одлучи за UX/UI дизајн.

Тој е дел од втората група студенти на Академијата за UX/UI дизајн која ќе биде дел од програмата за вработување. За оваа програма тој смета дека е од голема важност за сите студенти бидејќи ќе им помогне да ја зголемат нивната самодоверба и ќе ги научи како да се однесуваат за време на интервју. Програмата за вработување ја креиравме со цел студентите да ги научат клучните вештини потребни за наоѓање на работа.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за UX/UI дизајн започнуваат на 03.04.2023⚠️

   Аплицирај за 300€ попуст овде 📌

Попуст

Во прилог прочитај го интервјуто со Христијан.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Христијан: Здраво, јас се викам Христијан имам 23 години и сум од градот Ресен. Моментално сум студент на Универзитетот Кирил и Методиј, студирам психологија, паралелно студирам и на Академијата за UX/UI во Creative Hub. Претходно немам никакво работно искуство. Во слободно време многу сакам да цртам, дизајнирам итн.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за UX/UI?

Христијан: Причината поради која се одлучив да се запишам на Академијата за UX/UI е затоа што доста се бара креативност, истражвуање, анализа, дизајн на разни производи како и психологија. Тоа е нешто во кое јас уживам и затоа мислам дека го направив правилниот избор за мене.

Creative Hub: Што ја издвојува UX/UI професијата за разлика од другите?

Христијан: UX/UI професијата се издвојува од другите професии бидејќи го премостува јазот помеѓу луѓето и технологијата. Работата на еден UX/UI дизајнер ќе ги подобри искуствата на корисниците со тоа што технологијата ќе биде прилагодена и лесно разбирлива за сите. Јас сметам дека секој човек треба да се чувствува удобно додека ја користи технологијата. А UX/UI дизајнерите се суперхероите на доброто корисничко искуство.

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?

Христијан: Да бидам искрен пред да ја изберам Академијата на Creative Hub направив најмногу истражување за UX/UI професијата и случајно на социјалната мрежа Instagram видов реклама за Академијата за UX/UI во Creative Hub и ми требаа само неколку минути да се одлучам да се запишам на Академијата.

Creative Hub: Веќе 4 месеци сте дел од Академијата, ги поминавте модулите за Photoshop, Illustrator и UX. Што успеавте да научите, кој модул ви беше најинтересен?

Христијан: Па вака, научив многу работи. Ќе издвојам само некои:

  • Photoshop научив како да ја користам четката која овозможува да креирам разни потези и текстури за да одговараат на дизајнот;
  • Научив како да користам осветлувања и контрасти, сенчење и трансформирање на алатки;
  • UX ми беше доста интересен дел каде што правевме истражувања, правевме персони, UX flow итн.

Најинтересно од сѐ досега ми беше photoshop.

Creative Hub: Каков фидбек имате за менторот Иле?

Христијан: Иле е еден од најдобрите ментори. Затоа што секоја информација несебично ни ја споделуваше, гледаше да го извади најдоброто од нас, секогаш не поддржуваше, споделувше совети како да бидеме најдобри и беше достапен во секое време.

Creative Hub: Какви проекти работевте по UX?

Христијан: По UX модулот работевме разни проекти како:

  • Wireframes и flows;
  • Kако најбрзо да дојдеме до решение со ограничено време што беше доста интересно;
  • Research;
  • Competitive analysis;
  • Interview questions.
Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?

Христијан: Тоа ќе влијаe многу добро бидејќи шансите за работа ќе бидат многу поголеми, ќе имаме поголема самодоверба на самите интервјуа и затоа сметам дека програмата за вработување е супер.

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за UX/UI на некој друг?

Христијан: Топло би ја препорачал Aкадемијата на секого што сака да изгради нова професија или да ја промени својата кариера, но и да го надогради своето знаење.

Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?

Христијан: Ја избрав не поради фактот што својата идна работа ја гледам во некоја од ЕУ земјите туку поради можноста за поголеми шанси за работа и надвор од нашата држава.

Кои модули се изучуваат на Академијата за UX/UI?

Секоја од академиите во Creative Hub почнува со обука за градење на личен бренд. Модули кои се изучуваат на Aкадемијата за UX/UI:

  • User Experience
  • User Interface
  • User Centered Design
  • Adobe Photoshop
  • Adobe Illustrator
  • Research Methods ( Competitive Analysis, Usability Testing, User Testing, Surveys)
  • Digital Marketing Fundamentals
  • HTML
  • CSS

Во текот на Академијата студентите работа на 4 практични проекти, а по завршување се дел од 8 часовна обука за вработување.

Информирај се повеќе за програмата на 071 214 849 или закажи онлајн состанок ↙️

Закажи Online Состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This